3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ХороскопНеделен хороскоп за 13.-20. ноември 2023 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 13. -20. ноември 2023 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика. Кариера На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете. Здравје и совет Почнете да одите во теретана. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите. Кариера Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации. Кариера Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано. Здравје и совет Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат. Кариера Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите. Здравје и совет Немојте да се надмудрувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред. Кариера Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации. Здравје и совет Со хумор победете ги грижите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат. Кариера Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент. Здравје и совет Бидете она што сте и следете си го својот сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете. Кариера Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Верувајте му на своето шесто чуло. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат. Кариера Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале. Здравје и совет Ќе се релаксирате во топла купка. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами. Кариера Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока. Здравје и совет Ќе добиете добар совет од пријателите. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг. Кариера На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат. Здравје и совет Обновете го своето старо хоби. Девица 23.8.-23.9. Љубов Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте. Кариера Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството. Кариера Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате. Здравје и совет Почнете да спортувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 8. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter