3Австралија сака да ја забрани „емоционалната блискост“ со вештачката интелигенција, најавуваат казни
Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
2Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 13. - 20. јули 2020 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 13. - 20. јули 2020 година .Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СудбинаМајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)Мајка на четири деца од Флорида е уапсена на аеродром откако наводно ги оставила своите деца сами дома со денови додека патувала за Лас Вегас.Ирена Милер, 50, беше приведена од заменик-шерифската канцеларија на округот Осеола веднаш штом излезе од авион на меѓународниот аеродром Орландо во петокот. Снимките од камерата на телото покажуваат како полицајците се приближуваат кон Милер, која носела кафеав деловен костум и шал, на мостот за заминување, а потоа ја шетаат низ аеродромот до полициското возило што чека, објавува „Дејли меил“. Потоа таа била однесена во канцеларијата на шерифот, каде што била обвинета за четири обвиненија за занемарување на дете без да предизвика сериозни телесни повреди и е приведена во затворот во округот Оринџ. Полицајците изјавија дека истрагата за наводното занемарување на дете од страна на Милер започнала откако добиле телефонски повик кратко по 20:30 часот во среда. Во повикот, малолетник пријавил дека неговиот деветгодишен брат бил удрен од тег што му паднала на главата во нивниот стан на булеварот Парквеј во Кисими. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле четири деца, на возраст од девет, 11, 12 и 14 години, без надзор. Деветгодишното момче било однесено во болница со брза помош и противпожарна служба поради повредите. Подоцна бил пуштен од болница. Во меѓувреме, полицајците успеале да ја контактираат Милер по телефон, која наводно им рекла дека работи во Лас Вегас и планира да се врати дома во петок. Mom arrested for leaving four children home alone during days-long work trip across the country https://t.co/2NVJqCz85O https://t.co/oL3qA7htqO — New York Post (@nypost) October 27, 2026 Истражителите подоцна дознале дека Милер отпатувала во Лас Вегас на 18 октомври, пет дена пред нејзиното закажано враќање дома. Според нејзините објави на социјалните мрежи, Милер, професионална фотографка, изгледа работела со клиент поврзан со франшизата „Better Homes and Gardens Real Estate“. Таа наводно им рекла на заменик-шерифите дека има дадилка која патува од Тампа секое утро за да ги подготви децата за училиште и дека дадилката ќе ги проверува попладне, но дека не ѝ треба дадилката да преноќи. По разговорот со децата, заменик-шерифите го контактирале таткото на децата, кој ги вратил сите четири деца во својот дом. Кога Милер слета на меѓународниот аеродром во Орландо во петокот, заменик-шерифите ја чекаа и ја уапсија на местото на настанот. „Канцеларијата на шерифот на округот Осеола нема да толерира занемарување на деца“, рече шерифот Крис Блекмон во соопштението. „Овие случаи ќе бидат истражени и ќе бидат поднесени обвиненија против родителите кои не ги надгледуваат или не се грижат правилно за своите деца.“ Не е јасно дали мајката-монструм ангажирала адвокат да зборува во нејзино име.Тагови: Лас Вегас мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОдмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немиритеСпоред предложениот закон, кој треба да го усвои Националното собрание, од демонстрантите може да се бара да платат до 10.000 евра за штетата предизвикана за време на демонстрациите.Францускиот Сенат усвои нацрт-закон со кој демонстрантите ќе бидат финансиски одговорни за штетата предизвикана за време на демонстрациите. Сенатот ја усвои проширената верзија на законот со 229 гласа „за“ и 105 „против“. Предлогот беше поддржан од сојузот на десниот центар, кој има мнозинство во Сенатот, пренесува Euronews. Предлог-законот сега оди во политички поделеното Национално собрание, каде што ќе биде разгледан и ставен на гласање. Законот беше предложен откако избија големи немири откако Пари Сен Жермен го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во мај. Предлогот оттогаш доби ново значење откако протестите поради нееднаквоста и зголемените цени станаа насилни на 17 октомври, при што илјадници бизниси беа оштетени или ограбени. Говорејќи пред парламентот, министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез ја истакна „итноста“ да се одговори на штетата и сцените на хаос забележани на 17 октомври. „Не можеме повеќе да дозволиме огромното мнозинство наши сограѓани да плаќаат за постапките на малцинство вандали“, рече тој. French Senate backs bill making protesters pay up to €10,000 for unrest damage https://t.co/rwNN99SipE — Arnaud Mercier - #Entrepreneur #Versailles (@arnaudmercier) October 28, 2026 Критичарите предупредуваат на финансиски последици за ранливите семејства Критичарите предупредуваат дека дури и лицата кои лично не направиле штета може да бидат прогласени за финансиски одговорни доколку се утврди дека свесно учествувале во група формирана за да изврши вандализам. Предлог-законот, исто така, ќе дозволи да се повлечат социјални и станбени бенефиции за покривање на штетите, што наиде на критики од левичарските пратеници и групите за човекови права. Амнести интернешнал предупреди дека овие мерки може да ги турнат „веќе маргинализираните семејства дополнително во сиромаштија“. Ова не е првпат европска влада да спроведува построги безбедносни мерки како одговор на насилните протести. Во Италија, со нов безбедносен декрет се воведуваат построги казни за насилните протести, вклучително и затворски казни од четири до 12 години за организирање групи вклучени во насилни демонстрации. Тагови: демонстранти Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБогати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)Тројца браќа се осудени на по 30 години затвор затоа што со децении дрогирале и силувале десетици жени. Тал Александар (40) и близнаците Орен и Алон Александар (39) беа прогласени за виновни во март. Судот утврди дека го користеле своето богатство и општествен статус за да ги намамат жените на забави и луксузни домови, каде што потоа сексуално ги напаѓале, пишува Би-Би-Си. Изјави на жртвите на суд Пред да ја изрече пресудата, судијката Валери Капрони им рече на браќата: „Вашето однесување беше монструозно. Вашите злосторства им ги уништија животите“. За време на сослушувањето во вторник наутро во судот во Њујорк, беа сослушани 12 жртви, вклучувајќи ја и една која не сведочеше на самото судење. Една по една, жените ја опишаа психолошката траума што ја претрпеле по силувањето. Тие рекоа дека се надеваат дека срамот што го чувствувале сега ќе се пренесе на обвинетите. Многумина побараа од судијата да изрече максимална казна доживотен затвор за секој брат. Маја Милер му рече на судот дека откако Тал Александар ја силувал во 2014 година, таа го изгубила секое чувство на сигурност. „Во себе носам тивок погреб за личноста во која можев да станам ако ова никогаш не ми се случеше“, рече таа. Друга жртва, под псевдонимот Иса Брукс, рече дека ја изгубила способноста да верува во себе откако Тал и Алон Александар ја силувале кога имала 16 години. „Немав поим во каква опасност сум сè додека не било предоцна“, сведочеше таа. Друга жена откри како Тал Александар ѝ се заканувал кога планирала да го пријави силувањето, велејќи дека знаел каде работи нејзината сестра. Ставови на обвинителството и одбраната Обвинителката Елизабет Еспиноза тврдеше дека браќата заслужуваат максимална казна бидејќи фактите „сликаат навистина разорна слика“. Таа нагласи дека со текот на годините ги усовршиле методите со кои ги намамувале жените со ветувања за луксуз и дека останале „целосно рамнодушни кон страдањето што го оставиле зад себе“. За време на сведочењето на жртвите, тројцата браќа покажале малку емоции. Тие гледале напред или се консултирале со адвокати. Нивните адвокати на одбраната објасниле дека им било советувано да не ги гледаат жртвите за да не бидат погрешно протолкувани. Адвокатите побараа казни од 15 години и рекоа дека нивните клиенти станале посветени татковци чии семејства ќе страдаат во нивно отсуство. Сите тројца се обратија пред судот, инсистирајќи на својата невиност. „Нашето мото беше „работете напорно, забавувајте се повеќе“, рече Тал Александар, додавајќи дека сега сфаќа дека неговото однесување „ги повредува чувствата на другите“. Сепак, нивните изјави не ја убедија судијката Капрони. Таа се спротивстави на нив бидејќи одбиваат да ги признаат злосторствата. „Како можете да рехабилитирате некого кој никогаш не ја признал грешката што ја направил?“, праша таа. Пресуда и детали за злосторството На крајот од рочиштето, судијката ги осуди браќата на по 30 години затвор за одредени злосторства. Таа, исто така, ги осуди на дополнителни казни од 20 години затвор за други злосторства, но појасни дека овие казни ќе бидат издржувани истовремено. За време на петнеделното судење, сведочеа 11 жени, од кои некои биле малолетни девојчиња во времето на нападот. Тие опишаа како нивните браќа им давале подароци и ги носеле на патувања во Аспен и Бахамите. Таму, според изјавите, биле дрогирани, а потоа силувани. Обвинителите тврдеа дека моделот на насилно однесување започнал во средно училиште, иако судењето опфаќало кривични дела извршени од 2008 година. Според обвинителството, браќата ставале дрога во пијалоците на жените, „физички ги ограничувале и ги држеле за време на силувањето и ги игнорирале вресоците и експлицитните молби да престанат“. Кои се браќата Александар Одбраната на браќата за време на судењето тврдеше дека сексот бил консензуален и дека тие биле женкари, но не и насилници. Двајца браќа, Тал и Орен, се збогатиле продавајќи луксузни недвижности во Њујорк и Мајами. Тие работеле за американската компанија за недвижности Даглас Елиман, а меѓу нивните клиенти биле Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Канје Вест. Во 2022 година, тие ја основале својата компанија, Official, со седиште во Њујорк. Алон Александар работел во семејната компанија за обезбедување Кент Секјурити. Додека судијата ги изрекувал нивните казни, браќата гледале право напред.Тагови: браќата девојчиња Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter