Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопНеделен хороскоп за 12 до 19. јануари 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 12. до 19. јануари 2026 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМајка избоде три деца во Австралија, едното починаВо областа Блу Маунтинс во Австралија, мајка ги избоде своите три деца, а потоа и себеси. Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат потресната глетка Први на местото на настанот наишле велосипедисти кои минувале низ областа. Тие пружиле прва помош и повикале итна помош, но петгодишното дете починало пред пристигнувањето на медицинските екипи. Другите две деца – двете на возраст под пет години – и мајката биле пренесени во болницата Вестмид и во Детската болница во Вестмид. Сите се во критична состојба. Џули Сукар изјавила за „Најн њуз“ дека едно од повредените деца било бебе. „Видов жена како лежи во грмушките и бебе во носилка, а друга жена се обидуваше да ѝ помогне“, вели таа. „Од другата страна имаше уште едно дете. Не сфатив веднаш дека се три, сите само се обидуваа да помогнат.“ Мајката ќе се соочи со обвиненија за убиство Заменик-комесарот на полицијата, Питер Меккена, за „news.com.au“ потврди дека осомничената е мајката на децата. „Веруваме дека таа сама си ги нанела повредите“, рече тој. Тој додаде дека истрагата трае помалку од 24 часа. Полицијата планира да ја обвини мајката за убиство доколку таа закрепне од повредите опасни по живот. Според досегашните информации, насилството се случило на влезот од празен плац во близина на противпожарен пат во градот Вали Хајтс, каде што мајката го паркирала автомобилот. „Се чини дека локацијата била избрана случајно“, рече Меккена. „Ќе ја товариме за запирање на возилото таму, а доказите од местото на настанот укажуваат дека целиот инцидент се случил токму на таа локација. Немам објаснување зошто таа ја избрала токму таа локација.“ Полицијата потврди дека таткото на децата бил известен за инцидентот. Тој бил на работа во моментот на нападот. „Најтрагичните 48 часа“ Меккена истакна дека овој настан е дел од „најтрагичните 48 часа“ во неговата кариера, во текот на кои биле регистрирани четири сериозни случаи на семејно насилство. Во сите случаи, сторителите претходно не ѝ биле познати на полицијата. „Немавме сознанија за семејно насилство во тие врски, ниту пак постоеја какви било судски налози за забрана за приближување. Ниту едно од вклучените лица не ни беше познато во контекст на овој вид насилство“, изјави Меккена. „Не можеме да спречиме нешто за што не знаеме, но ова докажува дека такви работи можат да се случат насекаде и во секое време. Токму затоа ни е потребна помош од заедницата – ако се грижите за некого, известете нè.“ Тој наведе дека при убиствата било употребено ладно оружје и дека полицијата се сомнева оти сторителите биле во роднинска врска со жртвите. „Сè започна во саботата во близина на Вага, каде што 31-годишен маж наводно ја убил својата 23-годишна партнерка со ладно оружје“, рече Меккена. Мажот е обвинет за убиство. „Ужасот продолжи на плажата Бонди, каде што 47-годишен внук наводно ја убил својата 90-годишна баба, исто така користејќи ладно оружје“, продолжи тој. И тој е обвинет за убиство. „Потоа имавме случај во Мол Ривер, близу Тентерфилд, каде што 37-годишен маж ја убил својата 70-годишна мајка со ладно оружје.“ И тој маж е обвинет за убиство. Апел од полицијата и активистите Меккена нагласи дека семејното насилство останува главен приоритет за полицијата на Нов Јужен Велс. „Ако некој се чувствува заробен во врска и мисли дека нема излез, ве молиме знајте дека излез постои“, рече тој, повикувајќи ги таквите лица да стапат во контакт со полицијата или со други надлежни служби. Тој додаде дека полицајците кои интервенирале во овие случаи ќе ја добијат сета потребна стручна поддршка. „Овој викенд беше вистински ужас. Секое место на настаните беше навистина страшно. Им пружаме поддршка на колегите кои беа таму и кои, во некои случаи, се обидуваа да спасат животи со свои раце. Човек би морал да биде од камен за да не биде погоден од ова.“ Табита Акрет, чија ќерка била избодена 78 пати од нејзиното поранешно момче, изјави за „news.com.au“ дека викендот ја истакнал сериозноста на проблемот со семејното насилство во Австралија. „Ова е најлошиот викенд досега и живописно ја прикажува целосната ужасност на семејното насилство. Итно ни се потребни ресурси – средства за безбедност на жртвите, но и сериозни вложувања во превенцијата“, рече таа. Извор: Индекс.хрТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook