Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ХороскопНеделен хороскоп за 11. до 18. април 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 11. до 18. април 2022 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10. Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook