ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите
2ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите
ХороскопНеделен хороскоп за 10.- 17. октомври 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 10. до 17. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предметиПоловина од судовите во земјава добиле оценка дека се неажурни, над 134 илјади предмети останале нерешени, недостасуваат 163 судии и околу 3000 судски службеници.. Ова се дел од податоците за 2025 година од извештаите на судскиот буџетски и на Судскиот совет, кои денеска беа разгледани на комисиска седница во Собранието. Претседателот Александар Камбовски потенцираше дека сето ова е резултат на бројните кадровски проблеми – лани од министерството за финансии немале одобрено ниту едно редовно вработување, и покрај тоа што недостасуваат стручни соработници, записничари, службници во писарници, курири, информатичари.. За ефикасно судство се потребни услови, а ако нема суштински мерки, и во иднина ќе се зголемува бројот на предмети кои се одолговлекуваат, алармира Камбовски. -Во моментов судството ни функцнионира во хроничен кадровски дефицит. Недостаток на судии и судски службеници е најголема закана за ефикасноста на судскиот систем. Финансиската зависност ја ограничува реалната независност на судството. / Без суштинско подобрување на кадровската и финансиската состојба, постои ризик од дополнително влошување на ажурноста, зголемување заостатоци и натамошно намалување на довербата на граѓаните во судството,- Александар Камбовски – претседател на Судски совет. Пратениците си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за поразителните податоци. Според опозицијата, актуелната власт треба да ги тргне рацете од судството и да им овозможи независна работа, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелната состојба е последица на претходната власт. Во текот на минатата година до Судски совет пристигнале 425 претставки од граѓани, а само 13 биле оценети како основани, најголем дел поднесени поради незадоволство од донесени судски одлуки. Имало и 90 барања за поведување постапка за утврдување одговорност, во кои биле опфатени 161 судија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизоритеФондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година..Во врска со објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за ИКТ системите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година. Извештајот на ДЗР јасно покажува каква состојба е затечена: години на лоша политика, отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и игнорирање на основните безбедносни стандарди, со што директно се доведувала во опасност стабилноста на пензискиот систем. Новото раководство на Фондот ПИОМ покажа дека со вистинска политичка волја и професионален пристап, работите брзо се менуваат. Голем дел од констатираните пропусти на ревизијата веќе се надминати уште во текот на самиот ревизорски процес, додека значителен дел од препораките се веќе целосно реализирани или се во напредна фаза на имплементација. Инвестиции во сајбер-безбедност во 2025 и 2026 година: За разлика од претходната пракса на занемарување на проблемите, во текот на 2025 и 2026 година реализирани се сериозни инвестиции и активности насочени кон зајакнување на контролите за пристап, подобрување на системите за заштита и зголемување на отпорноста на инфраструктурата, односно зајакнување на безбедноста и модернизација на информатичката инфраструктура. Имплементирани се современи решенија за заштита, вклучително и Endpoint Detection and Response (EDR) и Managed Detection and Response (MDR) услуги, воспоставено е централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се и активностите за сегментација на информатичката мрежа и дополнително зајакнување на контролите за пристап. Во 2025 година Фондот во областа на континуитетот на работењето и заштитата на критичните податоци, воспостави Disaster Recovery инфраструктура на посебна локација надвор од седиштето на Фондот. Истовремено, се спроведуваат редовни процедури за резервно копирање и заштита на податоците, согласно воспоставените политики и процедури за информатичка безбедност. Како дел од мерките преземени по ревизорските препораки, извршени се надградби на серверската инфраструктура и оперативните системи. До средината на 2026 година беа заменети и модернизирани над 100 работни станици (endpoint уреди) кои користеа постари технолошки платформи, при што е обезбедено користење на поддржани и ажурирани оперативни системи и повисоко ниво на сајбер безбедност. Паралелно со техничките унапредувања, извршено е ажурирање на интерните политики и процедури од областа на информатичката безбедност, Во текот на 2026 година е извршено и доекипирање на ИТ секторот со нов стручен кадар и континуирано се реализираат и обуки за вработените согласно законските обврски и интерните програми на Фондот. Фондот на ПИОМ останува целосно посветен на заштитата на личните податоци и информациите со кои управува. Безбедноста, доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците на осигурениците, пензионерите и корисниците на услугите се највисоки приоритети. Фондот на ПИОМ и неговото раководство укажуваат дека се има јасна визија и смерници по кои се постапува во насока на подобрување на квалитетот на работата и заштитата на податоците со кои располага. Како дел од тие активности е и соработката со Светска банка и изготвувањето на Функционалната анализа на работењето на Фондот, врз основа на која се реализираат активности за организациско и кадровско зајакнување и модернизирање на работата на институцијата. Фондот во оваа прилика упатува јасна порака до пензионерите и осигурениците: Немало и нема компромитирање на Вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност. Фондот на ПИОМ потенцира дека ревизорските препораки не се само формалност, туку патоказ за корекција на грешките од минатото. Наместо туркање на проблемите под тепих, новото раководство на Фондот воведува европски стандарди, целосна транспарентност и нулта толеранција за неодговорно работење. Фондот на ПИОМ спроведувајќи ја политиката на Владата пред јавноста констатира дека граѓаните конечно добиваат институција која вложува во нивната безбедност и обезбедува сигурни, модерни и стабилни услуги, соопштуваат од Фондот на ПИОМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter