3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
1Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
3Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
ХороскопНеделен хороскоп за 10.-17. јуни 2024 година Неделен хороскоп за периодот од 10.-17. јуни 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни. Кариера Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец. Здравје и совет Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани. Кариера Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата. Здравје и совет Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате. Кариера Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Уживајте , но не претерувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања. Кариера Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа. Здравје и совет Уживајте во животот и во природата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете. Кариера Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи. Здравје и совет Повремени нервози и мали грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно че дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни. Кариера Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри. Кариера Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат. Здравје и совет Најдете секој ден малку мир за себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа. Кариера Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие. Здравје и совет Обезбедете си повеќе време за сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата. Кариера Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни. Здравје и совет Не го занемарувајте редовниот сон. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате робар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат. Кариера За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно. Здравје и совет Одете на јога или на медитација за да се опуштите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. Здравје и совет По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и паритеЗа многумина, Новата година претставува можност за нов почеток, промени и остварување на плановите.За многумина, Новата година претставува можност за нов почеток, промени и остварување на плановите. А ако сте љубител на нумерологијата, можете да ја согледате 2027 година од поинаква перспектива. Според нумеролошките толкувања, секоја година носи одредена енергија, а вашиот датум на раѓање може да се искористи за пресметување на вашиот „личен број“ кој се поврзува со темите што ќе ви бидат во фокусот во текот на 2027. година. Се разбира, нумерологијата не е научно докажан метод за предвидување на иднината; таа всушност систем на верување што многумина го користат како интересен начин за размислување за своите планови, односи и животни цели. Како да го пресметате вашиот личен број за 2027 година? Постапката е едноставна. Соберете ги денот и месецот на вашето раѓање, а потоа додајте го бројот што ја претставува 2027 година. Прво, соберете ги цифрите од годината: 2 0 2 7 = 11 Во нумерологијата, 11 често се смета за „мастер број“, но за потребите на оваа пресметка, може да се сведе и на една цифра: 1 1 = 2 Потоа, соберете ги цифрите од денот и месецот на вашето раѓање, па додајте го бројот 2. На пример, ако сте родени на 14. август: 1 4 8 2 = 15 Потоа: 1 5 = 6 Вашиот личен број за 2027 година би бил 6. Сега, погледнете што симболизира секој број според нумеролошките толкувања. Личен број 1 – Нов почеток Бројот еден се поврзува со иницијатива, независност и нови почетоци. За оние со личен број 1, 2027 година во нумерологијата се толкува како година во која може да почувствуваат потреба да ги земат работите во свои раце. Може да се појават нови деловни идеи, промена на правецот или одлука конечно да започнат нешто што долго време било одложувано. Во љубовта, акцентот е ставен на независноста и јасното поставување граници. Главна тема на годината: почеток. Личен број 2 – односи и трпение Бројот 2 се поврзува со партнерство, соработка, емоции и трпение. Според нумеролошките толкувања, 2027 година може да биде период во кој односите со другите стануваат особено значајни. Оние што се во врска може повеќе да се фокусираат на своето партнерство, додека оние што се сами може да бидат поотворени за запознавање нови луѓе. Во професионалната сфера, акцентот ќе биде ставен на соработката, наместо на самостојното извршување на задачите. Главна тема на годината: партнерство. Личен број 3 – креативност и дружење Бројот 3 се поврзува со комуникација, креативност, оптимизам и општествен живот. Според нумерологијата, ова би можела да биде година во која многу луѓе ќе бараат повеќе социјална интеракција, патувања и активности што им носат исполнетост. Ова е поволен период за секој потфат што бара имагинација, пишување, јавен настап, изведувачки уметности или работа со луѓе. Главна тема на годината: изразување. Личен број 4 – работа и стабилност Бројот 4 претставува ред, дисциплина, одговорност и темелност. Ако вашиот личен број е 4, нумеролошката прогноза за 2027 година го става фокусот на работата и поставувањето стабилни темели за иднината. Напредокот можеби нема да биде брз, но целта е преку трпение и добра организација да се изгради нешто што ќе трае. Главна тема на годината: стабилност. Личен број 5 – промена Бројот 5 се поврзува со слобода, движење, авантура и промени. За овој број, 2027 година може да биде период во кој работите почнуваат да се придвижуваат. Промената на работата, патувањата, новото опкружување или одлуката за напуштање на воспоставената рутина може да станат клучни теми. Според ова толкување, важно е да не се носат големи одлуки набрзина. Главна тема на годината: промена. Личен број 6 – љубов и семејство Бројот 6 најчесто се поврзува со семејството, љубовта, домот и одговорноста кон блиските. За оние со бројот 6, 2027 година може да биде период во кој семејните односи ќе бидат во прв план. Некој може да стапи во посериозна врска, да го прошири семејството или да се посвети на прашања поврзани со домот. Главна тема на годината: љубов. Личен број 7 – Повлекување и размислување Бројот 7 се поврзува со интуиција, анализа, учење и потреба за мир. Наместо постојаното брзање, 2027 година за овој број може да биде период во кој времето поминато во самотија станува особено значајно. Тоа може да вклучува преиспитување на минати одлуки, развивање интерес за нови знаења или желба за промена на животните приоритети. Главна тема на годината: внатрешен раст. Личен број 8 – Пари и амбиција Во нумерологијата, бројот 8 најчесто се поврзува со успех, моќ, материјални прашања и професионални амбиции. Затоа, 2027 г. за овој број може да се толкува како период во кој кариерата, финансиите и резултатите од вложениот труд доаѓаат во преден план. Сепак, нумерологијата не гарантира финансиски успех; затоа, овие толкувања треба да се сфатат како симболичен поглед на годината. Главна тема на годината: постигнување. Личен број 9 – Крај на циклусот Бројот девет се поврзува со завршетоци, ослободување од старото и подготовка за нов циклус. За овој број, 2027 година може да биде година во која одредени стари поглавја конечно се затвораат. Тоа може да се однесува на врска, работа, навика или план што повеќе не е во согласност со она што го посакувате. Суштината на бројот девет не лежи само во завршувањето на работите, туку и во создавањето простор за нешто ново. Главна тема на годината: крај и ослободување. А што ако добиете 11 или 22? Во нумерологијата, броевите 11 и 22 често се нарекуваат „мастер“ броеви и не секогаш се сведуваат на една цифра. Бројот 11 се поврзува со интуиција, инспирација и силно внатрешно чувство. Бројот 22 се поврзува со големи планови, организација и претворање на идеите во конкретни резултати. Ако вашиот резултат е 11 или 22, можете да го толкувате како посебен број или, пак, да го сведете на 2, односно на 4. На крајот на краиштата, без оглед на бројот што ќе го добиете, најдобро е на нумерологијата да гледате како на забавна разонода, а не како на дефинитивно предвидување за тоа што ќе ви се случи. Впрочем, иднината првенствено зависи од одлуките што сами ги носиме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00