ХороскопНеделен хороскоп за 10.-17. август 2020 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 10.-17.август 2020 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СудбинаГолема ајкула нападна жена, која ја погалила од бродот (ВИДЕО)На социјалните мрежи се прошири видео од жена која се наведнува кон голема ајкула од брод и се обидува да ја погали. Во еден момент, ајкулата се заниша кон бродот и ги удри вилиците во неговиот раб, само неколку сантиметри од нејзината рака. Инцидентот се случил за време на екскурзија во близина на островот Тајби во американската држава Џорџија, а снимката ја објави организацијата Knot Lucky Fishing. Екскурзии за ветерани Knot Lucky Fishing организира бесплатни риболовни патувања за активни воени членови, ветерани и нивните семејства. Организацијата соработува со партнерите Starbrite, Project SeaSafe и Gray FishTag Research на програмата за означување ајкули. Животните се привремено заловуваат за време на програмата за да бидат обележани, по што се враќаат во морето. Собраните податоци се користат за истражување на нивните движења и однесување. Таа ја погали ајкулата и доживеа непријатно изненадување За време на една таква средба, ветеранката Џен одлучи да ја помине раката преку главата на голема ајкула. Видеото го прикажува како го гали животното неколку пати, по што ајкулата одеднаш се движи кон бродот и ги удира вилиците во неговиот раб. Организацијата Knot Lucky Fishing го опиша тој момент како реакција на животно кое имало „различни планови“. „Сите на бродот го почувствувале тој удар“, рекоа тие. Како што се очекуваше, видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. „Зошто воопшто галиме големи ајкули?“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Вие велите „нападнати“. Мислам дека беше поважно ајкулата да се ослободи од јадицата отколку да се обиде да ја касне жената“. Трет се прашуваше зошто некој би се обидел да погали ајкула, додека четврти напиша: „Што друго би очекувале од животно кое се обидува да се заштити?!“. Организацијата тврди дека таа не била загрозена И покрај драматичната сцена, Knot Lucky Fishing тврди дека Џен не била во никаква реална опасност. Според нив, екипажот цело време ја следел ситуацијата и го држел животното под контрола. „Екипажот цело време ја контролирал ајкулата и таа никогаш не се приближила доволно за да повреди некого“, се вели во нивната објава. Сепак, тие го искористија целиот настан како потсетник дека ова е диво животно на кое треба да се гледа со претпазливост. „Тие се убави, моќни и диви. Тие заслужуваат секаква почит што можеме да им ја оддадеме“, изјавија тие. A great white shark lunged toward a woman's hand as she reached out to touch it off the coast of Tybee Island, Georgia, in a video posted Sunday by Knot Lucky Fishing. The encounter happened during a white shark tagging expedition, where researchers catch, tag and release sharks to collect data for scientific research. Knot Lucky Fishing said the woman was never in danger and that the crew had the shark under control but called the animal's reaction a reminder of the importance of respecting wildlife. — CBS News (@CBSNews) October 27, 2026 Собираат податоци со означување Програмата во која учествува организацијата има и истражувачка цел. Со означување на ајкулите, тие собираат податоци што им помагаат да ги проучат нивните движења и начин на живот. Секоја ајкула што учествува во програмата е именувана по паднат другар. Организацијата на тој начин сака да го поврзе истражувањето со почит кон паднатите војници, односно „наука и чест на иста палуба“. Тие им се заблагодарија на партнерите Starbrite, Gray's FishTag Research и Ambio Life Sciences за помошта во програмата, која вклучува, меѓу другото, активности насочени кон ветераните. Ајкулата сепак не е обележана И покрај планот да се обележи ајкула за време на патувањето, тоа на крајот не се случи. Екипажот не најде доволно безбеден момент за постапката, па затоа решија да се откажат. „Безбедноста на ајкулата и екипажот секогаш е на прво место, па затоа ја оставивме да продолжи по својот пат“, заклучи организацијата.Тагови: ајкула жена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕвропа е исклучена од трилатералните преговори за Украина Европските претставници нема да учествуваат во трилатералните технички преговори меѓу Украина, САД и Русија што се планирани за следниот месец.Европските претставници нема да учествуваат во трилатералните технички преговори меѓу Украина, САД и Русија што се планирани за следниот месец, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Според него, постигнат е договор за одржување на разговорите без учество на Европа, пишува Правда. „Тие можат да дојдат ако купат билети, но никој нема намера да ги покани на преговарачка маса“, рече Ушаков. Ушаков не ја потврди изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека техничките преговори би можеле да се одржат на 10 ноември. Рускиот функционер додаде дека датумот на состанокот наскоро ќе биде објавен. Позадински разговори Ушаков претходно објави дека Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори со САД и Украина за завршување на војната по 4 ноември. Зеленски, од друга страна, рече дека по разговорите меѓу европските лидери и рускиот претседател, постојат индикации дека Москва сериозно размислува за состанок на преговарачките тимови во Абу Даби. Тој додаде дека одржувањето на трилатерален состанок на украинските, американските и руските технички тимови, закажан за почетокот на ноември, зависи од САД. „Телеграф“ објави дека Русија може да се обиде да ја искористи новата рунда мировни преговори за да изнуди отстапки од НАТО.Тагови: преговори украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРоботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24. Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење. JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година. Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за да се избегне прекин на патничкиот сообраќај. Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот. Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.Тагови: роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter