3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопНеделен хороскоп за 1. до 8. јуни 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 1. до 8. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиРуски олимпиец загина во војната во УкраинаПоранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година. „Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина. Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно. Former Olympic cyclist Sergey Kucherov (Beijing 2008, London 2012), World Cup winner and multi-time Russian champion who joined the russian agression against Ukraine was neutralized on Oct 20. https://t.co/iE0qtmqNJO — UkrSportBase 🇺🇦 | Olympics (@Ukrsportbase) October 21, 2026 Настапил два пати на Олимписки игри Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место. Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место. Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва. Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаКирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем. Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец? Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати. Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини. Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото. Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот. Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија. Powerful waves battered Taiwan's eastern coastline Friday as Typhoon Champi approached the island, bringing dangerous conditions to coastal areas. Taiwan's Interior Ministry warned residents to stay away from coastlines and ports, citing dangerous waves and strong winds intensified by the approaching typhoon and northeast monsoon. — CBS News (@CBSNews) October 23, 2026 Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час. Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57