Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопНеделен хороскоп од 6.5. до 13.5.2019 годинаНеделен хороскоп од понеделник 6 .мај до понеделник 13. мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Созреана ви е идејата како да забавувате и заведете една личност која ја посакувате , па ќе се потрудите тоа и да го направите. Веројатно ќе успеете , но под услов да прифатите и по некој компромис и да не скокате на секоја провокација. Кариера Ништо не е случајно , па ни тоа дека токму на вас ви се случуваат некои работи што ве збунуваат. Сепак , не е толку лошо зашто конечно ги земате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор. Здравје и совет Подоцна се ќе си дојде на свое место. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ведрина , позитивен дух , шарм и уживање во малите работи- тоа ќе го обележи деновиве вашиот приватен живот. Затоа не се грижете за ситни работи , не се толку важни.Подобро уживајте во она што го имате . Некои ќе сонуваат со отворени очи. Кариера Ќе има премногу желби и премалку шанси за нивно остварување . Вашите амбиции не се мали , но ситуацијата ќе налага задолжителна соработка со други. Време е за добро планирање на следните потези , а за реализација може и да почекате. Здравје и совет Немојте да бидете нетрпеливи. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно ќе се чувствувате малку осамени или ќе фантазирате. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Немојте да очекувате многу повеќе од она што сега го имате. Кариера Ситуации , луѓе и настани – сето тоа ќе ве наведе на потребата да поработите на вашиот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа , но ќе ги барате сите информации што ќе ве доведат кон тоа. Здравје и совет Вистината прифатете ја во целост. Лав 23.7- 22.8. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и ќе копнеете по љубов.Мали недоразбирања или грешки во чекори ќе бидат од минлив карактер. Поголемиот дел сепак ќе ви оди од рака , па потурдете се да излезете во друштво ако сте сами. Кариера Оние кои бараат работа би можеле да бидат повикани на разговор што ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние кои веќе работат ќе бидат настроени да ги покажуваат емоциите на работното место и ќе уживаат во работата. Здравје и совет Побарајте хоби поврзано со луѓе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе станете подруштвени , зашто така ќе ве наведат околностите.Сепак вашето срце веројатно нема да биде исполнето. Многумина заедно ќе излегуваат во поголеми групи и нема да седат сами. Добрата забава е загарантирана , но не и многу повеќе. Кариера Атмосферата на работното место ќе биде добра . И покрај повремениот замор , полесно ќе работите. И односите со колегите ќе се подобрат. Малите пропусти во изразувањето ќе ги надоместите со љубезност и сериозна работа. Здравје и совет Добро е да почнете со индивидуален спорт. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако сте уште сами и барате љубов , веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето ќе пребарувате по далечни љубовни сеќавања или ќе читате меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да биде здодевно , ниту сензационално. Кариера Што и да се случи на работното место , вие ќе бидете главен координатор на работите или дипломагт кој сос својата вештина на комуницирање ќе ги насочи работите на вистинското место. Вашите потези ќе добијат на значење , па внимавајте што работите. Здравје и совет Би било добро да одите во природа за да ги наполните батериите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна , а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракции , туку ќе почнете да уживате во мали и нормални состојби. Тоа е зрелост, било за партнерите , било за личноста засебно. Кариера Она за што се борите е исправно , но треба подобро да соработувате со другите.Барем сега. некои ќе се обидуваат да ја усовршат својата стручност. Оние кои учат секако се во добивка. Здравје и совет Ќе правите планови за далечни патувања. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се добри љубовни денови. Доколку имало некаква пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и ќе јадете заеднички јазик. Ќе има уште непримерено однесување , но занемарливо. Кариера Веројатни се нови задачи од стана на вашите надредени .Дури сега ќе видите дека и тие можеле да бидат и тоа како амбициозни. Ќе испливаат и резултати од една ваша претходна работа , што ќе ви го подигне личниот рејтинг на работата. Здравје и совет Бидете јасни за сите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од пречките или фрустрациите што ги кочеле. Тоа ќе биде гиолем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака. Самците ќе ја бараат љубовта преку размена на идеи. Кариера Се повеќе ќе соработувате со млади и ќе воведувате млади лица во работењето. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така ќе се зголеми кореспонденцијата ,а боројот на меилови ќе биде завиден. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе играте на карта на наивност , ноншалантност и шарм. Тоа најдобро ќе ви оди во личниот живот . Ако се обидете малку посериозно да разговарате со другата страна , ќе наидете на сопствениот хаос .Или обратно. Затоа молчете и едноставно сакајте. Кариера Некои веројатно ќе имаат посебни таленти , но во сударот со реалноста ќе видат дека навистина ги немаат. Од таму ќе се смеете сами на себеси или ќе издржите некоја критика. Набргу ќе продолжите понатаму со зрели размислувања. Здравје и совет Не бидете материјалисти.Духот е главниот двигател. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако уште сте сами,ќе најдете некого.Барем за пријатно познанство.Младите добро ќе се забавуваат , но без љубовни намери.Сите ќе трпат провокации и критики од другата страна. Кариера Ќе сонувате поквалитетна работа и поголеми права .Тоа е можно , но најпрвин треба да си ја одработите редовната работа.Соработката ќе биде клучна за вашиот успех. Слушајте ги другите , бидете кооперативни , па и тие ќе ве поддржат. Здравје и совет Занемарете ги малите грижи и нервози. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да ви недостигаат предизвици во приватниот живот . Привлечноста што ја очекувате ќе изостане , па затоа немојте да создавате вештачки ситуации.Така влегувате во светот на илузии.Прифатете го ова како минливо затишје и уживајте во малите радости. Кариера Пред вас се денови кога ќе имате најверојатно можност да покажете колку сте љубезни и истрајни во работата.Тоа ќе биде добредојден предизвик што веднаш ќе го прифатите. Многумина дури сега ќе увидат дека имаат и некои други таленти. Здравје и совет Смирете ја својата потреба за акција по секоја цена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook