Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
1Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
3Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
ХороскопНеделен хороскоп од 30. јуни до 6. јули 2025 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 30. јуни до 6. јули 2025 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого. Кариера Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите. Здравје и совет Можна е посета на непријатни роднини. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие. Кариера Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил. Здравје и совет Немојте да бидете прескромни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите. Здравје и совет Не влегувајте во расправија со надредените. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни. Кариера Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете. Здравје и совет Одморајте се редовно и спијте повеќе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Кариера Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер. Кариера Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција. Кариера Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите. Здравје и совет Немојте да живеете на стара слава. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи. Кариера Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат. Кариера Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања. Здравје и совет Помалку јадете и движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки. Кариера Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа. Здравје и совет Мали проблеми со младите .Насмејте ги. Бик 21.4- 20.5. Љубов Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало. Кариера До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција. Здравје и совет Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни. Кариера Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот. Здравје и совет Поработете на својата кондиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банкаДвојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болестМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија. „Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски. Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства. Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време. Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS). На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter