Неделен хороскоп од 28. март до 4. април 2022 година - Канал 5

Неделен хороскоп од 28. март до 4. април 2022 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 28. март до 4. април 2022 година. 

Неделен хороскоп од 28. март до 4. април 2022 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии.

Кариера

Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Здравје и совет

Занимавајте се со јога и медитација.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера

Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација.

Здравје и совет

Никаде не брзајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Здравје и совет

Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Секоја минута се раѓа по една будала“- Италијанец изградил лажен амфитеатар, па на туристите им наплатувал по 600 евра за влез

Италијанецот Франко Малосо е осуден на затворска казна откако изградил лажен антички театар во близина на Аркуњано, во северна Италија, претставувајќи го на туристите како антички грчко-римски локалитет.

„Секоја минута се раѓа по една будала“- Италијанец изградил лажен амфитеатар, па на туристите им наплатувал по 600 евра за влез

Малосо, познат и како Фон Розенфранк, го претставувал локалитетот речиси една деценија како антички археолошки локалитет откриен по свлечиште и наплаќал до 40 евра за обиколка на локалитетот од речиси 5.000 квадратни метри, објави Си-Ен-Ен.

На посетителите надвор од градот им биле наплаќани 12 евра, а приватните групни тури чинеле дури 600 евра за 45 минути.

„Идејата за тоа е луда... Претпоставувам дека секоја минута се раѓа по една будала, но верувам дека кога рекламирате нешто, луѓето мислат дека е вистинското“, изјави за Си-Ен-Ен Дариус Арја, археолог и режисер на емисијата „Антички Рим во живо“, нарекувајќи го планот на Малосо „ѓаволски“ и „ужасен“.

Според судските документи, сепак, целиот комплекс е изграден во 21 век. Локалните градители ги направиле трибините и скалите од нов камен и цемент, додека столбовите и статуите биле вештачки обработени за да изгледаат антички.

Малосо, според обвинителите, дури им наредил на работниците „да ја направат градбата да изгледа стара“. Лажниот амфитеатар се наоѓал во заштитеното подрачје на ридовите Беричи, место на светското наследство на УНЕСКО.

Малосо, кој тврдел дека е законски претставник на сопственикот на земјиштето, компанија со седиште на Британските Девствени Острови, првично аплицирал за градежна дозвола за изградба на гаража, според судските документи, но наместо тоа, бил изграден цел комплекс со трибини, столбови, статуи и вештачки базен.

Според доказите презентирани на судот, Малосо наводно организирал концерти и претстави во рамките на локацијата, која била позната под три имиња: Амфитеатар Берико, Амфитеатар Маритимо Берико и Амфитеатар Порта дели Анџели.

Она што особено го привлече вниманието на истражителите беше тоа што објектот воопшто не бил амфитеатар, туку театар во облик на вентилатор.

Исто така, се наоѓал на околу 80 километри од морето, иако едно од имињата го содржело зборот „Маритимо“.

Експертите исто така велат дека тврдењата за грчкото потекло на објектот се очигледно неодржливи, бидејќи античките Грци не ја колонизирале областа околу Виченца. Малосо им кажал на туристите дека местото го посетиле Јулиј Цезар, Клеопатра и Јулија Капулет, измислен лик од Шекспировата драма „Ромео и Јулија“.

Карабињерите од одделот за заштита на културното наследство ја откриле измамата во 2016 година.

Според потполковникот Џузепе Марсела, предметот бил толку очигледно лажен што инспекцијата била завршена само за еден ден.

„Од сите криминалци, фалсификаторите се најталентирани, бидејќи се способни да создаваат уметнички дела. Потоа, тука се и измамниците... Немам почит кон Малосо. Да го наречеш фалсификатор е навреда за фалсификаторите“, рече тој.

Марсеља рече дека во неговите 25 години во полицијата, никогаш не видел или слушнал дека целиот археолошки локалитет е фалсификуван.

Малосо беше осуден во 2019 година, а италијанскиот Врховен суд за касација ја потврди пресудата по неговата жалба.

Тој моментално отслужува 28-месечна затворска казна, заедно со парична казна од 3.000 евра и дополнителни 3.500 евра за судски трошоци.

Исто така, е наредено да се отстрани лажниот археолошки комплекс, но сè уште не е познато кога ќе се изврши работата.

Локалната самоуправа изјави дека нема намера да користи јавни пари за да го отстрани.

Според експертите, локацијата сега е претежно обрасната со вегетација. Доколку се отстрани, иронично, неговото рушење ќе мора да започне - со вистинско археолошко ископување, според американскиот телевизиски канал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопственикот на OnlyFans пред смртта заработил 700 милиони долари

Покојниот сопственик на платформата OnlyFans добил повеќе од 700 милиони долари дивиденда пред да почине од рак претходно оваа година. 

Сопственикот на OnlyFans пред смртта заработил 700 милиони долари

Британската компанија Fenix ​​International, која стои зад платформата, објави во својот годишен извештај дека минатата година остварила профит пред оданочување од 714 милиони долари, што е раст од пет проценти во споредба со 2024 година, пишува BBC.

Платформата нуди разновидна содржина базирана на претплата, од готвење до фитнес, но е најпозната по порнографијата. Се смета дека ја трансформирала индустријата за онлајн содржини за возрасни бидејќи овозможува директна врска помеѓу сексуалните работници и нивните претплатници.

Финансиски резултати и сопственост

Сопственикот Леонид Радвински, кој почина на 43-годишна возраст, ја купи страницата од британските основачи во 2018 година. Деловните резултати на Fenix ​​International покажуваат дека компанијата исплатила 535 милиони долари дивиденда за деловната година што заврши на 30 ноември 2025 година. Во периодот до 26 март 2026 година, биле исплатени дополнителни дивиденди во износ од 174 милиони долари.

Радвински, роден во Украина и израснат во САД, почина на 23 март. Компанијата сега е во сопственост на неговата вдовица, Екатерина „Кејти“ Чудновски. OnlyFans вработува само 47 луѓе, што е невообичаено за компанија со толку висок профит. За споредба, британскиот трговски синџир Marks and Spencer вработува повеќе од 65.000 луѓе, а минатата година оствари профит од 671 милион фунти.

Растот, контроверзноста и регулацијата

Популарноста на платформата драстично се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, а Радвински беше на годишната листа на милијардери на Forbes само три години подоцна. Веб-страницата работи со поврзување на автори и обожаватели преку преноси во живо, персонализирани пораки и директни фото и видео нарачки. Во замена за брокерска услуга, OnlyFans зема 20 проценти од сите плаќања. Во 2025 година, страницата имаше 132 милиони претплатници и 2,5 милиони активни автори.

Брзиот раст под водство на Радвински, исто така, го привлече интересот на законодавците и регулаторите поради содржината за возрасни. Неодамнешен документарец на BBC Three изнесе обвинувања за експлоатација, принуда и насилство врз автори на OnlyFans. Во 2024 година, британскиот регулатор Ofcom започна истрага за тоа дали децата пристапуваат до порнографија, што компанијата потоа го припиша на технички проблем. Ofcom на крајот ја прекина истрагата, но ја казни компанијата со околу 1 милион фунти за тоа што не одговорила точно на барањата за информации за мерките за проверка на возраста на корисниците. Според правилата, корисниците мора да имаат најмалку 18 години. Самите автори, исто така, ги побија приказните дека правењето експлицитни видеа е начин за брзо и лесно заработување пари.

Одговор на компанијата

Извршната директорка на OnlyFans, Кејли Блер, изјави во вторникот дека компанијата им исплатила повеќе од 30 милијарди долари на авторите од нејзиното основање пред една деценија.

„OnlyFans“ обезбедува реални можности за реални луѓе со создавање безбеден, регулиран простор каде што можат да ја монетизираат својата содржина со глобална база на обожаватели“, рече таа. „Како компанија со седиште во Велика Британија, ние исто така дадовме значаен придонес во економијата на Велика Британија, плаќајќи над 600 милиони фунти корпоративен данок од 2016 година до денес.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија депортира 23 Авганистанци, осудени за криминал и силувања

Германија рано утрово депортира 23 Авганистанци во нивната матична земја со чартер лет до Кабул, објави германската новинска агенција ДПА.

Германија депортира 23 Авганистанци, осудени за криминал и силувања

Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќето од депортираните биле криминалци осудени за сериозни кривични дела, вклучително и сексуален напад.

Службеници на федералната полиција ги придружувале мажите на лет од аеродромот Лајпциг/Хале до Кабул, објави ДПА.

По слична депортација кон крајот на јули, германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека враќањето во Авганистан повеќе нема да биде ограничено само на криминалци и „поединци кои претставуваат закана“.

Осудени за кривични дела и сексуални напади

Тој рече дека наместо тоа, други лица на кои им е наредено да ја напуштат земјата ќе бидат депортирани веднаш, како што е договорено во коалицискиот договор.

Во објава на социјалната платформа X, Добриндт напиша дека германското општество „има јасен интерес да обезбеди криминалците да ја напуштат“ Германија. Тој исто така додаде дека секој што нема дозвола за престој може да очекува да мора да ја напушти земјата.

„Ние ја спроведуваме оваа политика доследно“, рече тој.

Германија не ја признава владата на Талибанците, која ја презеде власта во Кабул пред пет години. Со помош на Катар, Германија пред две години ја организираше првата масовна депортација на авганистански криминалци во нивната матична земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер