3Драмата во Непал не стивнува- уште еден маж е извлечен жив, 500 луѓе и натаму се заробени во тунелите (ВИДЕО)
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп од 24.6. до 1.7. 2019 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 24. јуни до 1. јули 2019 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека до изборите остануваат околу педесет дена и дека ќе поднесе оставка кога ќе ги заврши сите државнички обврски и планираните посети во странство.„Ќе имам многу посети и многу важни работи што ја засегаат државата. Во меѓувреме имате и национален празник, 15 септември, Денот на националното единство и знамето. Пред тоа имаме голема воена вежба на Пештера, потоа патување во Бања Лука на свечена академија, патување во Њујорк и говор во Обединетите нации и многу, многу средби со светски претставници“, изјави Вучиќ за Pink во Ниш, пренесе Телеграф. Тој додаде дека пред тоа ќе биде домаќин на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и дека најверојатно ќе оди во Париз и ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. „Потоа, кога ќе се вратам, ќе поднесам оставка и ќе бидам обичен граѓанин кој оди да разговара со граѓаните, со народот и да се бори за нивната поддршка и доверба“, рече Вучиќ. Осврнувајќи се на неодамнешната прес-конференција на „студентите во блокадата“ на која беше наведено дека државата ги шпионирала, Вучиќ рече дека дури и тие знаат дека не биле прислушкувани. „Кога не знаете што да правите, тогаш извадете некои деца и оставете ги да кажат дури и она што не знаат како да го кажат. Затоа имаше голема трема, не можат ни да кажат што некој им рекол да кажат. А службата дури знае дека тие знаат дека не биле прислушкувани, но тоа е работата на службата, не сакам да се занимавам со такви работи“, рече Вучиќ. Во врска со ова, Вучиќ изјави дека поединци користеле вакви трикови и во Македонија. „Потоа, Македонија го смени името и сè друго. Понекогаш кога го правите тоа, тој оригинал може да помине. Тоа повторување и копии секогаш изгледаат како фарса. Па така, се обидоа да го повторат истото по 5 октомври, а сега се обидуваат да го применат македонското сценарио. Сè е фарса и не поминува. Нашиот народ е многу попаметен од тоа“, рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
БалканШест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО) Пожарот што ноќеска изгоре шест куќи и колиби во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија е ставен под контрола, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи.Нуфи рече дека пожарникарите се уште се на терен за конечно да го изгаснат пожарот, објавува „Еуроњуз“. „Во Химаре е целосно мирна ситуацијата, целосно контролирана ситуација“, рече Нуфи. View this post on Instagram A post shared by Top Channel (@topchannelalbania) Според него, повеќе од 170 припадници на вооружените сили, над 300 пожарникари и повеќе од 21 противпожарни возила учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, а воздушната интервенција во познатото летувалиште започнала утрово во 6:30 часот. „Немало загуба на животи или штети на бизниси, благодарение на интервенцијата и посветеноста на сите службени лица“, нагласи Нуфи.Тагови: летувалиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ФудбалМеси и Роналдо за прв пат ќе изграат заедно- се подготвува голем фудбалски спектакл Фудбалските фанови имаат голема чест и среќа да живеат во ерата на веројатно двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, кои се туркаат еден со друг до незамисливи граници повеќе од 20 години. Тоа се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се лути соперници на теренот повеќе од 20 години. Ова беше особено случај кога Меси играше за Барселона, а Роналдо за Реал Мадрид, каде што имаа безброј битки во кои љубителите на фудбалот можеа само да уживаат. Тие имаа и дуели во националниот тим, каде што Меси го носеше дресот на Аргентина, а Роналдо дресот на Португалија. Единственото нешто што никогаш не сме го виделе кога станува збор за нив е дека се соиграчи. Бидејќи Меси моментално игра во Америка за Мајами, а Роналдо за Ал Наср во Саудиска Арабија, шансите да играат до крајот на кариерата во истиот клуб се минимални. Сепак, наскоро би можеле да ги видиме во истиот тим на теренот! Имено, Карлос Тевез го најави својот проштален натпревар во декември. Легендарниот аргентински напаѓач е добар пријател со Меси од националниот тим, додека е пријател и со Роналдо од времето кога играше за Манчестер Јунајтед. Тевез објави дека и Меси и Роналдо ќе бидат на неговото збогување, што ќе му даде на овој настан поинаква димензија и ќе биде спектакл каков што фудбалот никогаш порано не видел! Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат таму. Ќе одам и самиот ќе ги донесам ако треба. Ги имам двајцата на WhatsApp - рече Карлос Тевез. Тевез ја заврши кариерата во 2021 година, а во текот на својата кариера играше за Бока Јуниорс, Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Шангај Шенхуа. Најголемиот период од својата кариера го помина во Бока, каде што играше во три наврати, а негова желба е збогумскиот натпревар да се игра на легендарниот „Бомбоњере“ во Буенос Аирес. Тевез одигра 76 натпревари за аргентинската репрезентација и постигна 13 гола. По завршувањето на играчката кариера, стана тренер, а досега ги водеше Росарио Централ, Индепендиенте и Талерес.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter