ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопНеделен хороскоп од 19.8. до 26.8. 2019 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 19. август до 26. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter