ХороскопНеделен хороскоп од 18 до 25 март 2019 Неделен хороскоп за периодот од 18 до 25 март , 2019 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром во ЕвропаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција. Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот. Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди. Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk. Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата. Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса. Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+. Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал. Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера. Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана. Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8). „Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизелДоналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат. САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори. Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана. Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи. Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.Тагови: Дизел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20