Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
2Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
ХороскопНеделен хороскоп од 16.- 23. март 2020 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 16. -23. март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате во теретана .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“. Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните. Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците. Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина. Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.Тагови: младенците гости Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
СудбинаУпаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“.. Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња. Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите. Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс. White farmer has his ears hacked off during horrific torture in South African farm robbery: 'The motive clearly isn't just to steal' https://t.co/n6HU2iNxmj — Daily Mail (@DailyMail) October 29, 2026 Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош. Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“. Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата. „Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн. Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба. „Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош. Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот. „Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон. This morning Donovan Marx was viciously attacked on his farm. Severely beaten. Ears cut off. This is the brutal reality facing our farmers. Stop waiting for someone else to protect you. Join your local safety structures now. Visit https://t.co/h54X5i83SK Look after yourself. Look after your family. @afriforum — Jacques Broodryk (@JacquesBroodryk) October 28, 2026 Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура. „Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој. Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите. „Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон. Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд. Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења. Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот. „Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер. Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства. Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки. Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени. Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал. Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница. Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“. Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја. Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена. Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон. Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население. Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади. Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот. „Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој. Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња. „Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс. Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо. Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат. Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре. Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.Тагови: фарма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИлон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок. Роботите како единствено решение за американскиот долг Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа. Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки. Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници. Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.Тагови: Илон Маск пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter