ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопНеделен хороскоп од 12.август до 19. август 2019 година Дневен хороскоп за периодот од понеделник , 12. август до 19. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови во кои ќе има шарени љубовни искуства. Оние кои се уште се сами нека се дотераат и излезат меѓу луѓе, но нивните критериуми нека бидат реални. Оние кои се во врска ќе бидат сосема задоволни , доколку ја прифатат саканата личност каква што е. Кариера Сакате креативна или уметничка работа , но овие денови ценете ги повеќе дејностите што се сигурни. Стабилноста е тема за која ќе дискутирате со колегите. Своите деловни интереси ќе ги насочите кон споменатите критериуми. Здравје и совет Размрдајте ги зглобовите . Прошетајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повремено ќе доаѓате во искушение да се скарате , да приговарате или да ја критикувате другата страна. Можно е и обратно , други вас да ве критикуваат. Само со повеќе хумор и самоконтрола работите ќе тргнат на подобро. Потрудете се. Кариера Уметниците пред публика , спортистите и другите кои работат со млади деновиве ќе добијат убава можност во својата работа. Некои можерби и ќе се залетаат и ќе почнат да градат кули од воздух. Можноста е тука , само треба да се биде реален. Останете на земја , зашто славата е преодна. Здравје и совет Ќе имате немирни сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи ќе бидат добри , но нема да имате причина за воодушевување. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разбиена со мали кавги или провокации. Не дозволувајте да се зголемат. Останете мирни и чувајте го она што го имате. И тоа е нешто. Кариера Ќе ги земете работите во свои раце, ќе дадете се од себе и ќе направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас , ќе го ценат вашиот труд. Некои веќе сега би можеле да добијат заслужено признание или барем пофалба за постигнатото. Здравје и совет Не заборавајте на кусите дневни паузи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Токму кога се истрениравте се да ви биде рамно , повторно се буди љубовта. Малку сте изненадени од новата ситуација , но ќе се прилагодите. Секому е попријатно да биде со некого отколку сам. Сепак не приговарајте , дури и кога сметате дека би требало. Кариера Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови системи кои би можеле да ги подобрат приходите во она што го работите. Ќе направите нови планови во оваа насока. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во практиката или барем да ги почнете. Здравје и совет Секој ден вежбајте јога. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следните неколку дена љубовните стремежи ќе бидат главно платонски. И покрај тоа, чувствувате се поголема потреба за љубов , како и за тоа да сонувате за своите идеали. Затоа некои ќе бидат во дилема дали да излегуваат или да се повлечат во својот свет. Кариера Вашите надредени деновиве би можеле да одиграат улога во вашата кариера. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас. Можно е и вие самите да добиете можност за напредување. Потрудете се да бидете професионални. Здравје и совет Игнорирајте ги малите грижи и нервози . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете среќни зашто другите ве разбираат. Од таму ќе порасне довербата во врските , како и вашите очекувања кон саканата личност. Оние кои уште бараат сродна душа , полесно ќе ја сретнат на необични места или на места поврзани со уметноста. Кариера Како што ќе минува неделата , се повеќе ќе сакате да заминете на годишен одмор. Оние кои се уште не може тоа да си го дозволат , ќе се ангажираат околу заостанати работи , за кои одамна мислеле дека се завршени. Тоа помалку ќе ги изнервира , но треба да издржат. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето наредни денови вие ќе се потрудите да ги исполните своите или нечии други љубовни очекувања. Вториот дел од неделата носи уживања на подискретен начин , но и натаму ќе бидете задоволни и исполнети. Можеби само ќе ги намалите излегувањата. Кариера Веројатно се ќе ве поттикнува на поголема активност , па и на работното емсто од вас ќе се бара поголем ангажман. Нема ништо да ви биде тешко , зашто едвај дочекавте ваква можност. Дури и ако работите прекувремено , тоа ќе го правите со желба. Здравје и совет Бидете внимателни со своите шефови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на љубовните настани ќе ве поттикнат да организирате излет или заедничко одење на некое интересно место за вас и саканата личност. Ќе биде тоа уживање и за двајцата. Оние кои се уште сами , ќе наидат на љубов додека се на пат. Кариера Можеби ќе ви здодеа да делувате од сенка и само чекате да дојдете во прв план. Деновиве полека ќе се отвори една врата , но за да блеснете во полн сјај , ќе почекате уште малку. Сепак , секој ден се повеќе доаѓате до израз. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Со својот шарм и смисолот за хумор ќе успеете да ја совладате дистанцата во личните односи , што секој ден ќе се намалува. Саканата личност се повеќе ќе ве поддржува , па ни вие нема да и останете должни. Ќе ви биде навистина мило што е така. Кариера Малку повеќе труд ќе покажете во дејностите каде што треба дас е покаже креативност или каде што има публика. Тоа ве мотивира.Во дејностите од сенка , ќе работите толку колку што се мора, иако не сте свесни дека и по тој пат може да се стигне до височините. Здравје и совет Одете во природа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се денови богати со излегувања и забави . Многумина ќе си го подобрат совојот социјален живот , ќе среќаваат интересни лица , а ќе има и такви кои ќе се најдат пред прагот на вљубување. Колку што вие мислите на саканата личност , толку и таа мисли на вас. Кариера Нови соработници на работното место ќе се појават каде што работите од друго работно опкружување , па дури и од друга средина. Вие ќе им покажете како најдобро да се прилагодат на работата. Ќе имате многу добри совети и уште подобри намери. Некои ќер доминираат. Здравје и совет Почнете да вежбате гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Бидете мили со саканата личност и не ги земајте премногу сериозно околностите кои не ви одат од рака. Деновите се такви што ќе треба да се прилагодувате. Оние кои ќе го направат тоа со повеќе компромиси , ќе уживаат во поголемата меѓусебна доверба. Кариера Многу работа е пред вас , а со тоа и напори. Деновиве ќе почувствувате дека повремено ви недостига енергија. Затоа е подобро што повеќе да се организирате за да бидете поефикасни. Здравје и совет Одете порано на спиење. Рак 22.6-22.7. Љубов Дискреција во интимноста ќе ви биде главно обележје по кое деновиве ќе се раководите во интимниот живот. Можеби на саканата личност повремено ќе и одите на нерви , зашто кога таа ќе сака да излезед , вие ќе сакате да останете дома. Бидете малку поотворени кон друштвото. Кариера Ќе изгледа како сите нешто да претеруваат , а вие ќе немате никакви очекувања. Едноставно ќе знаете дека коцките се поклопуваат со се поголема брзина , а вам ви останува да се прилагодите најдобро што знаете. Тоа ќе биде лесно со мала самоконтрола. Здравје и совет Почнете да го практикувате својот омилен спорт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook