СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
1СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
2ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
3Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
ХороскопНеделен хороскоп 25.3.-1.4.2019Неделен хороскоп за периодот од 25 март до 1 април 2019 година.Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана самДодека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews. Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен. Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан. Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството. Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини. Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер. 4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон. Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан. Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана. Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел. Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС. Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителитеОпштина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри. „Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова. Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook