Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
ХороскопНеделен хороскоп 25.2.-3.3.2019Неделен хороскоп за периодот од понеделник ,25 февруари , до 3 недела март 2019 година.Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако уште сте сами,ќе најдете некого.Барем за пријатно познанство.Младите добро ќе се забавуваат , но без љубовни намери.Сите ќе трпат провокации и критики од другата страна. Кариера Ќе сонувате поквалитетна работа и поголеми права .Тоа е можно , но најпрвин треба да си ја одработите редовната работа.Соработката ќе биде клучна за вашиот успех. Слушајте ги другите , бидете кооперативни , па и тие ќе ве поддржат. Здравје Занемарете ги малите грижи и нервози. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да ви недостигаат предизвици во приватниот живот . Привлечноста што ја очекувате ќе изостане , па затоа немојте да создавате вештачки ситуации.Така влегувате во светот на илузии.Прифатете го ова како минливо затишје и уживајте во малите радости. Кариера Пред вас се денови кога ќе имате најверојатно можност да покажете колку сте љубезни и истрајни во работата.Тоа ќе биде добредојден предизвик што веднаш ќе го прифатите. Многумина дури сега ќе увидат дека имаат и некои други таленти. Здравје Смирете ја својата потреба за акција по секоја цена. Бик 21.4- 20.5. Љубов Созреана ви е идејата како да забавувате и заведете една личност која ја посакувате , па ќе се потрудите тоа и да го направите. Веројатно ќе успеете , но под услов да прифатите и по некој компромис и да не скокате на секоја провокација. Кариера Ништо не е случајно , па ни тоа дека токму на вас ви се случуваат некои работи што ве збунуваат. Сепак , не е толку лошо зашто конечно ги земате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор. Здравје Подоцна се ќе си дојде на свое место. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ведрина , позитивен дух , шарм и уживање во малите работи- тоа ќе го обележи деновиве вашиот приватен живот. Затоа не се грижете за ситни работи , не се толку важни.Подобро уживајте во она што го имате . Некои ќе сонуваат со отворени очи. Кариера Ќе има премногу желби и премалку шанси за нивно остварување . Вашите амбиции не се мали , но ситуацијата ќе налага задолжителна соработка со други. Време е за добро планирање на следните потези , а за реализација може и да почекате. Здравје Немојте да бидете нетрпеливи. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно ќе се чувствувате малку осамени или ќе фантазирате. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Немојте да очекувате многу повеќе од она што сега го имате. Кариера Ситуации , луѓе и настани – сето тоа ќе ве наведе на потребата да поработите на вашиот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа , но ќе ги барате сите информации што ќе ве доведат кон тоа. Здравје Вистината прифатете ја во целост. Лав 23.7- 22.8. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и ќе копнеете по љубов.Мали недоразбирања или грешки во чекори ќе бидат од минлив карактер. Поголемиот дел сепак ќе ви оди од рака , па потурдете се да излезете во друштво ако сте сами. Кариера Оние кои бараат работа би можеле да бидат повикани на разговор што ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние кои веќе работат ќе бидат настроени да ги покажуваат емоциите на работното место и ќе уживаат во работата. Здравје Побарајте хоби поврзано со луѓе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе станете подруштвени , зашто така ќе ве наведат околностите.Сепак вашето срце веројатно нема да биде исполнето. Многумина заедно ќе излегуваат во поголеми групи и нема да седат сами. Добрата забава е загарантирана , но не и многу повеќе. Кариера Атмосферата на работното место ќе биде добра . И покрај повремениот замор , полесно ќе работите. И односите со колегите ќе се подобрат. Малите пропусти во изразувањето ќе ги надоместите со љубезност и сериозна работа. Здравје Добро е да почнете со индивидуален спорт. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако сте уште сами и барате љубов , веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето ќе пребарувате по далечни љубовни сеќавања или ќе читате меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да биде здодевно , ниту сензационално. Кариера Што и да се случи на работното место , вие ќе бидете главен координатор на работите или дипломагт кој сос својата вештина на комуницирање ќе ги насочи работите на вистинското место. Вашите потези ќе добијат на значење , па внимавајте што работите. Здравје Би било добро да одите во природа за да ги наполните батериите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна , а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракции , туку ќе почнете да уживате во мали и нормални состојби. Тоа е зрелост, било за партнерите , било за личноста засебно. Кариера Она за што се борите е исправно , но треба подобро да соработувате со другите.Барем сега. некои ќе се обидуваат да ја усовршат својата стручност. Онбие кои учат секако се во добивка. Здравје Ќе правите планови за далечни патувања. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се добри љубовни денови. Доколку имало некаква пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и ќе јадете заеднички јазик. Ќе има уште непримерено однесување , но занемарливо. Кариера Веројатни се нови задачи од стана на вашите надредени .Дури сега ќе видите дека и тие можеле да бидат и тоа како амбициозни. Ќе испливаат и резултати од една ваша претходна работа , што ќе ви го подигне личниот рејтинг на работата. Здравје Бидете јасни за сите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од пречките или фрустрациите што ги кочеле. Тоа ќе биде гиолем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака. Самците ќе ја бараат љубовта преку размена на идеи. Кариера Се повеќе ќе соработувате со млади и ќе воведувате млади лица во работењето. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така ќе се зголеми кореспонденцијата ,а боројот на меилови ќе биде завиден. Здравје Мали нервози и грижи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе играте на карта на наивност , ноншалантност и шарм. Тоа најдобро ќе ви оди во личниот живот . Ако се обидете малку посериозно да разговарате со другата страна , ќе наидете на сопствениот хаос .Или обратно. Затоа молчете и едноставно сакајте. Кариера Некои веројатно ќе имаат посебни таленти , но во сударот со реалноста ќе видат дека навистина ги немаат. Од таму ќе се смеете сами на себеси или ќе издржите некоја критика. Набргу ќе продолжите понатаму со зрели размислувања. Здравје Не бидете материјалисти.Духот е главниот двигател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМицкоски на средба со првите луѓе на Дојче ТелекомДенеска остварив работна средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и членот на Управниот одбор и ГИД за Европа, Доминик Лерој.Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и привлекување нови инвестиции во дигиталната трансформација, развојот на вештачката интелигенција, современите комуникациски технологии и сајбер-безбедноста. Посебен акцент ставивме на технолошкиот развој, дигиталниот суверенитет и концептот на паметен и безбеден град, како важни предуслови за модерна, конкурентна и дигитално развиена држава, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter