Неделава во Белград настапи на македонски врвни музички изведувачи - Канал 5

Неделава во Белград настапи на македонски врвни музички изведувачи

 Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори.

Неделава во Белград настапи на македонски врвни музички изведувачи

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика.

Културниот Центар на Белград, една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија денеска во соработка со македонскиот КИЦ, ќе организира концерт на две македонски познати пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева. Концертот за четирирачно пијано на кој ќе се претстават професорките Гацева и Џорлева содржи програма од Ерик Сати, Едвард Григ, Антонин Дворжак и нашиот македонски композитор Дамјан Темков.

В среда во просториите на КИЦ Белград ќе се претстави реномираниот дувачки квинтет КОНСОНАНС со: Маја Чанаќевиќ (англиски рог); Јана Каевска (флејта); Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко Темелковски (бас кларинет). На програмата ќе бидат изведувани дела од Чајковски, Барток и Стравински, но и дела од тројца македонски композитори, Цанев, Чедомирски и Илиевски.

„Оваа недела е вистински празник за македонската музичка репродуктивна уметност, бидејќи пред некој ден, на 6 ноември, во Народниот Музеј на Србија во Белград, бевме поддршка на младиот виртуоз на гитара, 14-годишниот Коста Давчевски, со кого КИЦ Белград планира во Програмата за 2026 година, да организира неколку концерти и да го претстави и на македонската и на српската публика, а веќе, деновиве пред нас, ни доаѓаат вистински докажани музички изведувачи, за кои сме убедени дека на највисоко можно репрезентативно ниво ќе ја претстават македонската музичка репродуктивна уметност пред белградската публика“, наведуваат од македонскиот КИЦ во Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Жалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда  за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.

„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три недели

Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд.

Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува.

Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ.

Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“.

Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас.

Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма.

Ниво на сеење омраза и бес.

Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.

Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура.

Само неколку ќе споменам:

• кловновска дружина

• комуњарско коњиште

• духовен изрод

• евтин хохштаплер

• смешен кловн со две леви нозе

Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.

И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.

Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски!

Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар.

Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.

Фашистички методи во 21 век во Македонија.

Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.

Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се!

Македонија нема ова да го дозволи.

Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата!

Македонија ќе победи!

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. 

Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион

Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.

Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.

Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер