3Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
ЗдравјеНеделава почнува вакцинацијата против сезонски грипПристигнати 60 000 дози за бесплатна вакцинација. Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60 000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица. -Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, наведува Министерството и додава дека граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Поројни врнежи и грмежи во КумановоПоројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!Од УХМР информираат дека невремето се движи од запад кон исток!Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска МакедонијаХристијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. Од тоа се плаши Мицкоски. Нема да може повеќе да мести партиски тендери, милионски зделки со блиски фирми, злоупотреба на буџетските пари - нема да можат да крадат народни пари. За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси. Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт. Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори. Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа. Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава. Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард, силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар. Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности да напредуваат дома, а не да купуваат карта во еден правец. Европа значи пристап со развојни фондови, наместо задолжувања. А за Владата на Мицкоски Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста и одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат. Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација. Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари. Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги. Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“. Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДоаѓа армија од машини: Кина ќе прави над 100.000 хуманоидни роботи оваа годинаКина очекува да произведе повеќе од 100.000 хуманоидни роботи оваа година, според Ган Сјаобин, заменик-директор на Одделот за наука и технологија во Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.Во разговор со новинарите по повод Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај, тој рече дека развојот на вештачката интелигенција и проширувањето на екосистемот на вештачката интелигенција го забрзуваат растот на роботската индустрија во Кина и е еден од клучните двигатели на идниот технолошки развој на земјата. Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) ќе се одржи во Шангај од 17 до 20 јули 2026 година, заедно со состанок на високо ниво за глобално управување со вештачката интелигенција. Организаторите најавија дека овогодинешниот собир ќе биде еден од најголемите глобални настани посветени на развојот и примената на вештачката интелигенција, со повеќе од 1.100 компании-изложувачи, над 3.000 презентирани производи и решенија и вкупен изложбен простор од повеќе од 100.000 квадратни метри. Програмата ќе вклучува повеќе од 140 тематски форуми, со учество на над 1.400 меѓународни гости, според веб-страницата на организаторите. Извор: Б92Тагови: Кина роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter