Недела за грижа на старите лица: Прилепскиот дом за стари лица е со полн капацитет - Канал 5

Недела за грижа на старите лица: Прилепскиот дом за стари лица е со полн капацитет

 Прилепскиот дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ со 150 места е со полн капацитет и се бара место за сместување од целата земја. 

Недела за грижа на старите лица: Прилепскиот дом за стари лица е со полн капацитет

Домот е со осовремени услуги и се инвестира, беше речено на денешната пригодна свеченост во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп по повод Неделата на грижа за лицата од третото доба.

- Капацитетот од 150 места е полн и имаме листа на чекање за нови 10 до 20 штитеници. Нудиме услови за старите лица, но и инвестираме. Општина Прилеп обезбеди субвенција од 3 милиона и 100 000 денари со која набавивме современа опрема што ја олеснува нашата работа во различни аспекти – од техничка поддршка, до подобрување на функционирањето на сервисите кои секојдневно се користат од нашите корисници. Имено, набавени се современи индустриски машини: перална, сушарницаа, машина за чистење ходници, правосмукалка, електричен казан за подготовка на храна, фрижидер, машина за миење садови и саламорезница, како и мини трактор косилица. Оваа инвестиција е вложување во подобра грижа, поголема ефикасност и повисоки стандарди, изјави Благојче Стојаноски, директор на прилепскиот Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Според прлепскиот градоначалник Дејан Проданоски, има можност за инвестирање и проширување на капацитетите на Домот.

-Во преговори сме со Министерството за социјална политика, демографија и млади да го подобриме буџетот кој стигнува и ќе искористиме сѐ што може да се подобри капацитетот на Домот и да се подобрат условите за старите лица, рече Проданоски.

Од јануари се очекува да проработи Дневниот центар за лица со активно стареење во реновираните простории во Домот на месната заедница во населбата „Рид“ во Прилеп.

- Прилеп во соработка со општините Кривогаштани и Долнени и со здружението „Центар за развој и едукацијан од Прилеп веќе е во завршна фаза на Дневниот центар. Реконструирањето на просторот е во завршна фаза. Веќе се поднесени документите за лиценцирање за од јануари да може да се примаат првите корисници во Центарот. Оваа не е веќе социјална услуга, туку платформа што ќе овозможи подостоинствен живот на нашите постари сограѓани за четири часа дневно да поминуваат во Центарот. Ќе има едукативна програма за да се намалат предизвиците и ризиците на старите лица, рече Марина Тошеска, директорка на Центарот за развој и едукација од Прилеп.

Прилеп веќе има и други социјални услуги - Помош во домот и Медицинска сестра во заедницата.

Социјалната услуга помош и нега во домот функционира веќе трета година.

-Услугата „Помош и нега во домот е една од најважните социјални услуги. Услугата ја користат лица со намален функционален капацитет, слепи лица и лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат 171 корисник, а ја даваат 158 обучени негователи кои во домот им помагаат на лицата, вели Џулијана Бошкова, координатор на услугата во Центарот за развој и едукација во Прилеп.

Социјалната услуга „Медицинска сестра во заедницата“ во Прилеп функционира успешно.

- Во Прилеп се достапни услугите медицинска сестра, психолог и физиотерапевт, достапни за прилепчани во третото доба и со намален функционален капацитет. Во моментов се 146 корисници, вели Драгана Цветкоска, координатор на социјалната услуга „Медицинска сестра во заедницата“ при Центарот за развој и едукација од Прилеп.

Луѓето од третото доба имаат право на сите социјални услуги и грижа за нивното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Range Rover“ не се плаши од кинеските конкуренти: Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе.

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Jaguar Land Rover“ не е загрижен за кинеските теренски возила чиј дизајн наликува на „Range Rover“. Компанијата верува дека новите конкуренти од Кина, без оглед на квалитетот и привлечната цена, сè уште не можат да понудат исто наследство и признание на луксузниот британски бренд.

Меѓу моделите што најчесто се споредуваат со „Range Rover“ се „Jaecoo J5“ и „J7“, кои беа наречени „Range Rover од Тему“ поради нивниот сличен дизајн, пишува „CarScoops“.

Мартин Лимперт, глобален директор на брендот „Range Rover“, вели дека всушност ги гледа таквите споредби како комплимент.

„Ако другите брендови го копираат нашиот дизајн, тоа е сигнал дека нашиот дизајн е инспирација во светот на луксузните автомобили“, рече Лимперт. Тој додава дека е важно „Range Rover“ да остане оригинален и да продолжи да го развива својот дизајн.

Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе

Лимперт верува дека купувачите го избираат „Range Rover“ затоа што го сакаат „најдоброто од најдоброто“ и се подготвени да платат повеќе за него.

Брендот се потпира на повеќе од пет децении развој, британско потекло, искуство во дизајнот и инженерството.

Токму наследството и репутацијата претставуваат голема предност во однос на производителите кои штотуку влегоа на пазарот на луксузни автомобили.

Кинеските производители, сепак, се сè поуспешни во привлекувањето клиенти во попристапни сегменти, првенствено благодарение на односот цена-опрема.

Во луксузната класа, ситуацијата е поинаква бидејќи клиентите честопати се многу полојални на брендовите на кои веќе им веруваат.

Затоа, „Range Rover“ планира дополнително да ги диференцира своите модели од конкуренцијата. Еден пример ќе биде новиот „GT“, петтиот модел во гамата на брендот, кој ќе има значително поинаква, ниска каросерија.

Иако кинеските производители сè повеќе напредуваат, „Range Rover“ верува дека неговото наследство и имиџ ќе продолжат да бидат важни аргументи при купување луксузен „SUV“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер