Недела неработен ден: Секое министерство ќе треба да ги приспособува законите за своите сектори

Министерската за труд и социјала Јагода Шахпаска на своите колеги министри им дала рок од седум дена да се изјаснат за кои сектори недела ќе биде неработен ден.

. Шахпаска не откри кои се предлозите и насоките кои ги дало министерството за труд, но посочи дека главната измена ќе биде во Законот за работни односи каде недела ќе се дефинира како неработен ден, но доколку со друг закон или колективен договор не е поинаку решено.

„Значи, останува повратна инфоормација од министерствата кои имаат простор уште една седмица да ја видат оваа драфт верзија, да ги испратат нивните сугестии. Ние веќе почнавме да добиваме сугестии од министерствата. Кога ќе биде готова конечната верзија, нашата намера е да биде објавена на ЕНЕР да ја слушнеме уште еднаш реакцијата на јавноста, на стопанските комори, синдикати, работници и така натаму.“изјавиЈагода Шахпаска, министер за труд и социјала

Најголемиот дел сектори се под палка на министетрството за економија, па оттука тие ќе треба да го понесат и најголемиот товар. Ресорното министерство ќе треба да даде одговор како ќе се регулира работата на кафулињата, рестораните, моловите...Оттаму велат дека се уште прават анализи какви импликации врз секторите би предизвикала оваа мерка.

Министерството за транспорт и врски пак ќе треба да го регулира делот на јавниот превоз кој функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот и дали сите ќе работат…

Според економските аналитичари, Владата треба да биде внимателна во изборот - кои сектори ќе ги затвори во недела за економијата да не трпи штети. Според универзитетскиот професор Зоран Ивановски, надлежните треба да ги следат праксите од западот, каде моловите и угостителите се изземени од законот.

„Кога размислуваме од аспект на националната економија, тука треба да се земат предвид некои фактори кои се многу важни, особено работењето на големите трговски центри и на угостителските објекти, затоа што сепак тие во во тој неработен ден, ќе можат да остварат повеќе приходи, а тоа ќе значи и позитивно влијание на бруто домашниот производ.“ истакна Зоран Ивановски, економски професор

Според најавите досега – здравството, полицијата, против пожарните и комуналните служби ќе бидат изземени од законот.

Очекувано, сидникатите ја поддржуваат идејата за „недела неработен ден“, но против се работодавачите, кои сметаат дека со тоа ќе претрпуваат дополнителни штети..

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

Велики Четврток: Рано наутро пред изгрејсонце се бојадисуваат првите велигденски јајца

Денеска е велики четврток, и со него почнуваат велигденските прзаници. На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, се бојадисуваат првите велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Утринава канал 5 беше во домот на Лиле Цветковска.

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

притисни ентер