КултураНедела на француски филм отвора со „Далеку од луѓето“ на ОелхофенСо проекцијата на филмот „Далеку од луѓето“ на Давид Оелхофен во кино Милениум на 11 во Скопје ќе биде отворена Неделата на францускиот филм.Како што информира на денешната прес-конференција Изабел Марки-Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје годинава фокусот на оваа манифестација, која ја реализираат во соработка со Младинскиот културен центар е ставен на актуелни настани, а ја отвора филм од најнова француска продукција чија премиера беше во јануари, месец. Дел од програмата се и филмовите „За боговите и луѓето“ на Гзавие Бовоа, кој има освоено Гран при на Канскиот филмски фестивал, како и „Добредојде“ на Филип Лиоре, кој е прогласен за најдобар филм во 2009 година според француската публика, а имаше и десет номинации за престижната француска филмска награда „Цезар“ за 2009 година. Во неделата на францускиот филм последна ќе биде прикажана најдобрата комедија за 2012 година во Франција, „Искрени пријателства“ на Стефан Аршинар. Оваа филмска манифестација ќе биде збогатена со кафе дебата на тема „Слобода на уметничкото изразување“ насловена „Филмот алатка за сонување или огледало на реалноста“ на која ќе учествува и амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер. Како дел од активностите на Францускиот институт во Скопје на 26 февруари во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Убавицата и Себастијан“ од Никола Вание во рамки на Францускиот кино клуб. Директорката на Францускиот институт Марки-Барбо денеска ја презентира и програмата за 2015 година на Институтот, кој е најстара странска културна институција во Македонија, а која, како што нагласи, ќе биде богата и разнолика со многу изненадувања. Покрај филмската недела и традиционалното осмо издание на Фестивалот на француски филм кој ќе се одржи во јуни во соработка со Министерството за култура на Македонија ќе бидат организирани и настани од сферата на дизајнот, модата, современата уметност, историското наследство... Така во месец март кој е месец на Франкофонијата покрај дегустација на француска гастрономија се предвидуваат и предавања на тема за Прватка светска војна, аматерски турнир на затворено во ракомет, тематски часови по француски јазик на тема спорт, а централниот настан ќе биде маратонот во Скопје кој ќе се одржи на 21 март. На маратонот може да учествуваат сите заинтересиранаи граѓани. Маршутата ќе биде во должина од 4 километри и ќе почнува од Порта Македонија, а ќе завршува пред Сити Мол. Месец април ќе го одбележи отворањето на изложба на значајни дела на француски сликари застапени во постојаната колекција на Музејот на современа уметност во Скопје, како и двојазичен македонско француски каталог за таа колекција. Во соработка со Македонскиот народен театар годинава во Македонија ќе гостува и француска театарска група. - Францускиот институт е место и за дебати,за дискусии и размена на идеи па во таа насока предвидени се и дебати за актуелни општествени прашања како што се слободата на изразување - тема која е важна за цел свет, националното помирување и заштита на животната средина, која ќе биде во склоп на меѓународната конференција за климатски промени КОП 21 чиј домаќин ќе биде Париз, рече Марки-Барбо. Покрај редовните активности во насока на промовирање и засилување на изучување на францускиот јазик во училиштата и воопшто на франкофонијата, годинава Францускиот институт ќе понуди и нова алатка за студентите кои сакаат да ги продолжат студиите во Франција „Учење француски на растојание“. Инаку, билетите за филмот „Далеку од луѓето“ со кој ќе започне Неделата на францускиот филм во кино Милениум се бесплани и треба да бидат набавени од просториите на Францускиот институт. За останатите проекции кои ќе се одржат во киното Фросина во МКЦ билетите ќе бидат со симболична цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа. Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума. Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства. ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа. Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.Тагови: ФБИ Бајненс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt. Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците. Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап. „Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе. Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок. „Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа. Тие бараат подолга работа за иста плата Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените. Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела. Затворањето на објектот во моментов е можност Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.Тагови: мерцедес фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook