Недела ден за 17тиот Виз Ер Скопски маратон, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени - Канал 5

Недела ден за 17тиот Виз Ер Скопски маратон, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени

Скопје, 01.10.2021 – Во недела, на 3ти октомври, традиционално по 17ти пат ќе се одржи најпознатиот спортски настан, Виз Ер Скопски маратон. 

Недела ден за 17тиот Виз Ер Скопски маратон, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени

Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодинешниот маратон.

Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а од организацијата известуваат дека дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14:00 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.

Целосно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици:

ул. Димитрије Чуповски, булевар Илинденска од Влада на РМ до Зоолошка градина, Ул.Војвода Васил Чакаларов, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. 11 Октомври, делот на бул. Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. 3 Македонска Бригада од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. Фрањо Клуз, десната коловозна лента од бул. Јане Сандански од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. Србија.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици и правци:

десната коловозна лента од бул. Климент Охридски до семафорите кај Влада, бул Илинденска, од Зоолошка градина до Љубљанска, спротивната страна ќе биде слободна за движење, ул. Љубљанска во правец од бул. Илинденска до семафорите кај бул. Партизански одреди, ул. Московска во правец од бул. Партизански Одреди до Студентскиот дом Гоце Делчев.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до Ул.Илинденска, па лево на ул.Љубљанска, потоа право на Московска, па десно по Ул.Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ се продолжува право по М.Теодосиј Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска Република, 3 Македонска Бригада, Фрањо Клуз, Бул.Јане Сандански до крајот (раскрсница со бул Србија), пред семафорот со бул.Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по Бул.Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета Македонска бригада, Крушевска Република, 11 Октомври по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на Бул. Климент Охридски до Бул. Илинденска, лево кај Влада на Р. Македонија до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски. Истата патека се трча 2 круга за маратонците.

Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер