Неда Украден: Ми се додворуваат само помлади мажи, моите врсници одат со бастун (ФОТО) - Канал 5

Неда Украден: Ми се додворуваат само помлади мажи, моите врсници одат со бастун (ФОТО)

Неда Украден во интервју за српски Курир проговори за својата музичка кариера и љубовниот живот и откри дали моментално е заљубена.

Неда Украден: Ми се додворуваат само помлади мажи, моите врсници одат со бастун (ФОТО)

Вели дека често ѝ се додворуваат помлади мажи, но дека никој не ѝ треба, бидејќи сака да работи и тоа ја прави среќна.

"Жената блеска кога е задоволна и среќна, а јас имам толку многу причини да бидам таква. Што се однесува до мажите, како што вели Џибони, не сум забележала дека некој ми недостасува. Доволно е да ви кажам дека сум сакана и дека секогаш сакам. Работа, љубов, креација, акција, тоа е сѐ за мене“, опишала таа.

Иако не е во врска, вели дека не ѝ недостигаат додворувачи, особено помлади кои, како што тврди, најчесто ѝ се додворуваат. „Постојано! Па, овие мои врсници кои сега одат со бастун и не можат да се качуваат по скали, нема да ми се додворуваат. Освен моите врсници кои се врвни, имено Брега и Чола.“

Таа проговори и за емотивните моменти кои ги доживеала во кариерата. "Тешко ми беше кога почина татко ми. Беше договорено да се снима спотот „Само небото е над нас“. Тоа беше дует со Жељко Самарџиќ. Истото беше и кога почина мајка ми. Отидов во Опатија да ја снимам песната „Као вино и гитара“ и кога пристигнав во Опатија, ме известија дека мајка ми починала. А потоа брзо се вратив“, открива таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.

Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира.

Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи.

За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата.

Нема кој одобрил, кој потпишал.

Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции.

Кризата со западно нилската треска исто така.

Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија.

Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител.

Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија.

Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице.

Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст.

Речиси секојдневно се примаат нови болни.

Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности.

Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата.

Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност.

Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците.

Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави?

Тотален распад, неспособност.

СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност,

Национална GIS карта на епидемијата и ризикот.

Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус.

Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава.

Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив

СДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче фалејќи се со со тоа што нема пресуда за модуларните, признаваат дека нивните инсталации во правосудството се уште работат за нив

Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази.

СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште одработуваат за нив.

Да ги потсетиме во СДС, а да го потсетиме и Филипче кој треба да знае основни правни работи. Ако има нов доказ за него за модуларната во Тетово или било која од 19 поставени, процес за истото дело може да има повторно.

Граѓаните гледаат што е факт, факт е дека во Тетово во модуларната гореа 14 пациенти, факт е дека Филипче ја зголемувал цената за модуларните, факт е дека тие се поставувани без исполнување на основни услови од Законот за градење.

СДС и Филипче наместо да се фалат дека нема пресуда, подобро да молчат и да се засрамат. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер