Небото над град во Англија мистериозно стана розево, виновникот е – фудбалски клуб - Канал 5

Небото над град во Англија мистериозно стана розево, виновникот е – фудбалски клуб

Жителите на еден англиски град беа изненадени од необична глетка оваа недела - небото одеднаш доби светло розова боја за време на снежна вечер, предизвикувајќи вистинска конфузија и бројни претпоставки.

Небото над град во Англија мистериозно стана розево, виновникот е – фудбалски клуб

Мистериозен сјај се појави над Западен Мидлендс во четвртокот, оставајќи многумина да се прашуваат што се случува, објави Експрес.

Фудбалскиот клуб ја откри мистеријата

Набрзо се покажа дека не станува за никаков натприроден феномен, туку виновникот е локалниот фудбалски клуб Хеднесфорд Таун ФК. Имено, клубот инсталирал моќни LED светла над својот терен за да го стимулира растот и закрепнувањето на тревата на стадионот, а нивниот одраз на ниските облаци и снегот создал спектакуларен розов вител на небото.

Клубот објави и на Инстаграм, шегувајќи се за ситуацијата.

„Се чини дека „аурора бореалис“ над Хеднесфорд беше малку поблиску до дома отколку што сите мислевме. Тој розов сјај на небото всушност беа нашите LED светла на теренот кои ѝ помагаат на тревата да расте и да се опорави, држејќи нè подготвени да ловиме три бода, а не аурора... Кој знаеше дека малку грижа за теренот може да генерира толку голем интерес!“

Поделени реакции на граѓаните

Објавата предизвика бројни реакции од локалното население. Додека некои беа импресионирани, други се изнасмеаја. „Не знаев ни дека ја имаме оваа опрема, вистинската Премиер лига“, коментираше еден сограѓанин, додека друг додаде: „Го излажавте целиот град... Толку е смешно.“

Сепак, не беа сите воодушевени од светлосното шоу. Еден коментатор изрази загриженост за светлосно загадување.

„Се прашувам што мислат мештаните околу стадионот за ова светлосно загадување“, напиша некој под виралната објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер