По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЕвропаНе запираат протестите во Украина: Подгответе се за петок, мора да го вратиме Федоров Украинците повторно ќе се соберат во петок на протест во Киев за да бараат враќање на поранешниот министер за одбрана Михајло Федоров, објавија организаторите на протестот.Одлуката за новиот протест е донесена откако претседателот Володимир Зеленски го разреши Врховниот командант на вооружените сили, Олександр Сирски, во очигледен обид да го ублажи јавното незадоволство и да исполни едно од главните барања на демонстрантите. Зеленски го назначи поранешниот командант на Здружените сили, Михајло Драпати, за нов Врховен командант на вооружените сили. Федоров сака да се врати исклучиво на функцијата министер Сепак, организаторите велат дека протестите ќе продолжат сè додека Федоров не се врати на функцијата министер за одбрана. „Тимо, подгответе се за петок, сè уште треба да го вратиме Федоров“, напиша организаторот на протестот и воен ветеран Дмитро Козјатински на платформата X. Подоцна изјави за Kyiv Independent дека ако нивните барања не бидат исполнети, демонстрантите ќе бидат принудени да започнат она што го опишаа како „неопределен протест“. Зеленски вчера објави дека му понудил на Федоров „истакната позиција во владата“ насочена кон зајакнување на технолошкиот сектор на Украина. Сепак, Федоров јасно стави до знаење дека сака да се врати исклучиво на позицијата министер за одбрана и дека нема намера да прифати никаква друга позиција во владата. Украинците протестираат секој ден од минатиот четврток. Илјадници луѓе се собраа на протестите во Киев, додека помали собири се одржаа и во други градови низ земјата. Федоров и Сирски имаат различни пристапи кон командата и организацијата За време на неговиот мандат, Федоров водеше голем број важни иницијативи, вклучувајќи реформи и програми насочени кон зајакнување на воените капацитети на Украина. Конфликтот што му претходеше на разрешувањето на Федоров произлезе од сè позатегнатите односи меѓу него и Сирски. Тензиите меѓу двајцата беа очекувани уште од назначувањето на Федоров и одразуваа фундаментално различни пристапи кон воената команда и организациската култура. Зеленски не ги објасни детално причините за разрешувањето на Федоров и се осврна само на конфликтот меѓу поранешниот министер за одбрана и Сирски. Сирски се залагаше за високо централизиран команден систем базиран на советската воена доктрина, а беше критикуван од војниците и воените аналитичари за прекумерно микроменаџирање и создавање, според критичарите, култура на команда слична на советската. Иако Зеленски сега го замени Сирски со Драпати, претставниците, ветераните, припадниците на војската и дел од јавноста сè уште предупредуваат дека разрешувањето на Федоров може да ги загрози реформите во Министерството за одбрана и бараат негово враќање на министерските должности.Тагови: украина Федоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00