Не запираат протестите на француските земјоделци, Париз блокиран (ВИДЕО) - Канал 5

Не запираат протестите на француските земјоделци, Париз блокиран (ВИДЕО)

Француските фармери и денеска ги блокираа автопатите кон Париз и продолжуваат со протестите и покрај мерките за помош што ги најави француската влада.

Не запираат протестите на француските земјоделци, Париз блокиран (ВИДЕО)

Бројни земјоделци ширум Европа се жалат дека Европската унија не прави доволно за да им помогне во борбата против меѓународната конкуренција и глобализацијата.

Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во ЕУ, не се задоволни со ниските приходи и тврдат дека се задушени од прекумерните еколошки регулативи.

YouTube video

Некои од нивните грижи, како конкуренцијата од поевтиниот увоз и правилата за заштита на животната средина, ги делат производителите во остатокот од ЕУ, додека други прашања како што се преговорите за цената на храната се поспецифични за Франција.

Земјоделците велат дека притисокот од владата и малите трговци за намалување на инфлацијата на храната остави многу производители да се борат да ги покријат високите трошоци за енергија, ѓубрива и транспорт.

Планот на владата за постепено укинување на даночните олеснувања на земјоделците за дизел горивото, како дел од пошироката политика за енергетска транзиција, исто така е предмет на конфликт.

YouTube video

Големиот бесцарински увоз од Украина по руската инвазија и обновениот трговски договор меѓу ЕУ и јужноамериканската компанија Меркосур поттикна дополнително незадоволство поради нелојалната конкуренција на пазарите за шеќер, жито и месо.

Земјоделците се жалат дека ЕУ врши притисок врз европските цени, а притоа истиот овој увоз не ги исполнува еколошките стандарди што им се наметнати на земјоделците во ЕУ.

Земјоделците се спротивставуваат на правилата на ЕУ за субвенции, како што е претстојното барање да се остават 4% од земјоделското земјиште и комплицираното спроведување на политиките на ЕУ во Франција.

Зелените политики се сметаат за контрадикторни со целта да се направи Европа посамодоволна во производството на храна и други основни добра, по руската инвазија на Украина.

Француската влада сега е под притисок да ја ублажи кризата пред европските избори во јуни и годишниот саем на фарми во Париз на крајот на февруари.

На 26 јануари премиерот Габриел Атал најави укинување на зголемувањето на данокот на дизел гориво за земјоделците. Тој, исто така, ги наведе чекорите за намалување на бирократијата и понуди поголема помош, вклучително и на фармерите погодени од болеста на говедата во јужниот дел на земјата.

Првите најави предизвикаа различни реакции, а синдикатите на земјоделците повикаа на продолжување на протестот.

Владата одржува толерантен однос кон протестите, и покрај некои насилни инциденти. Сепак, на полицијата ѝ било наредено да ги заштити париските аеродроми и пазарот за храна по агресивните пораки од некои фармери.

Во наредните денови се очекува да бидат најавени дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

Бидејќи повеќето земјоделски политики и субвенции се поставени на ниво на ЕУ, Париз бара отстапки од другите членки, како што се ослободувања од барањата да се остави земјиштето необработено.

Во однос на трговијата, друга област управувана на ниво на ЕУ, министерот за земјоделство Марк Фесно повика на мерки за спречување на увозот од Украина што ги дестабилизира пазарите на ЕУ, особено за шеќер, живина и јајца. Тоа означува промена во француската политика, која претходно се спротивстави на потезите на источните земји на ЕУ кои се обидоа да го ограничат увозот и протокот на украински производи.

Сообраќајот кон Брисел денеска беше запрен и од белгиските земјоделци. Силно свиреа во сирените и превртеа пет камиони со овошје од Шпанија, објавија белгиските медиуми.

Германија, исто така, се соочи со тензии и протести кои избувнаа по одлуката на владата постепено да ги укине даночните олеснувања за дизелот. На почетокот на овој месец, Берлин беше преполн со камиони и трактори.

И во Романија, земјоделците и возачите на камиони протестираа овој месец против високите трошоци и го блокираа пристапот до граничниот премин со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица, додавајќи дека несреќата најверојатно е поврзана со блискиот магацин за експлозиви.

Директорот за култура и информации на покраината Кунар, Сами ул Хак Бајан, изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата во училиштето на периферијата на главниот град на покраината Асадабад е предизвикана од небрежност во магацин во кој се складираат експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, објави Ал Џезира.

Тој рече дека истрагата за инцидентот е во тек.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, изјави дека бројот на жртви се искачил на 10, а 110 лица се ранети.

Снимките од болничкото одделение покажуваат повредени деца, од кои неколку имале преврзано глава.

Портпаролот на полицијата на покраината Кунар, Фарид Дехкан, изјави дека експлозијата се случила во саботата во 10 часот по локално време во училиште во областа Андар Сер на периферијата на Асадабад.

Снимките од училиштето покажуваат дека дел од зградата се срушил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тест за безбедност на 10 нови автомобили- резултатите изненадуваат, Шкода со одлични оценки

Десет нови автомобили беа тестирани во најновата рунда тестови за безбедност на Euro NCAP, а резултатите донесоа неколку изненадувања. 

Тест за безбедност на 10 нови автомобили- резултатите изненадуваат, Шкода со одлични оценки

Шкода постави нов рекорд, BMW и Mercedes покажаа одлични резултати, додека Nissan беше единствениот што не успеа да ги постигне максималните пет ѕвездички.

Најголемиот успех го постигна Škoda Peaq, новиот електричен SUV од чешкиот производител, кој постигна 94 проценти за заштита на патниците за време на судир. Ова е најдобриот резултат постигнат од кој било автомобил според новите правила на Euro NCAP воведени на почетокот на 2026 година.

Peaq освои максимални поени на неколку тестови за фронтален и страничен удар. Сепак, резултат од 65 проценти во категоријата безбедно возење покажува дека дури и носителот на рекордот не е без недостатоци.

Mercedes-Benz GLE се покажа како најдобар во спречувањето на несреќи, со 87 проценти поени во таа категорија. SUV-от на Mercedes веќе ги исполнува барањата за пет ѕвезди според дополнително заострените критериуми што стапуваат на сила во 2027 година.

BMW X5, исто така, забележа одличен резултат. Неговиот систем за препознавање на ограничувањето на брзината правилно ги чита знаците во 91 процент од времето за време на возење низ Шпанија, Италија и Франција. Кога точноста се мери со километража, стапката на успех достигнува 97 проценти.

Кинеските производители, исто така, покажаа сериозен напредок. GWM ORA 5 постигна 91 процент за заштита од судир, додека GWM H7 и три модели на Lepas добија максимални пет ѕвездички. Lepas L6 и L8 PHEV возилата особено се издвоија со 95 проценти за безбедност по судир.

Како се рангирани сите 10 автомобили?

Škoda Peaq: 5 ѕвезди, 94% за заштита од судир

Mercedes-Benz GLE: 5 ѕвезди, 90%

BMW X5: 5 ѕвезди, 87%

GWM ORA 5: 5 ѕвезди, 91%

GWM H7: 5 ѕвезди, 88%

Lepas L4: 5 ѕвезди, 90%

Lepas L6: 5 ѕвезди, 87%

Lepas L8 PHEV: 5 ѕвезди, 87%

Kia Seltos: 5 ѕвезди, 84%

Nissan Leaf: 4 ѕвезди, 78%

Nissan Leaf беше единствениот автомобил во тестот што не доби оценка од пет ѕвезди. Новиот електричен модел доби оценка од 58% за избегнување судир, првенствено поради недостатокот на стандардни радари за предни кривини. Исто така, нема централно воздушно перниче како стандард, иако е достапно како опција.

Важно е да се напомене дека дадените проценти претставуваат резултати во категоријата заштита од судир, а не целокупна безбедносна оценка. Почнувајќи од оваа година, Euro NCAP конкретно ги оценува безбедното возење, избегнувањето несреќи, заштитата од судир и безбедноста по несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила

Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) предложи воведување технологија што ќе му овозможи на вашиот телефон да добие предупредување кога некој снима со паметни очила во близина. 

Телефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила

Предлогот е дел од поширока иницијатива на европските регулатори за спречување на тајно снимање на луѓе без нивна согласност.

За разлика од мобилните телефони, паметните очила често се тешки за забележување кога камерата е вклучена. Регулаторите затоа предлагаат воведување на Bluetooth сигнали, посилни светлосни индикатори и звучни предупредувања при снимање.

Некои европски земји веќе подготвуваат многу построги мерки. Норвешка планира привремено да ја забрани употребата на паметни очила на одредени јавни места, вклучувајќи паркови, плажи, музеи, трговски центри и училишта.

Холандската агенција за заштита на податоци отиде дотаму што на 19 ноември препорача граѓаните да не ги купуваат уредите, наведувајќи ризици за приватноста и безбедноста на корисниците и минувачите.

Мета, која учествува со 84 проценти од глобалните пратки на паметни очила, веќе го измени софтверот на своите модели Ray-Ban од втора генерација. Камерата автоматски се деактивира ако корисникот го покрие или измени индикаторот за снимање, додека физичкото отстранување трајно ја оневозможува камерата, објавува IEEE Spectrum.

Европските регулатори, исто така, сакаат автоматско замаглување на лицата на минувачите, ограничувања за континуирано снимање и пренос во живо, како и обработка на чувствителни податоци директно на очилата наместо на далечински сервери.

Во Германија, HateAid поднесе кривични пријави против Meta, Ray-Ban, Oakley и неколку трговци на мало, повикувајќи се на закон што забранува продажба на уреди дизајнирани за тајно снимање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер