Не запираат оставките во украинската влада, си заминуваат и потпретседателките на владата - Канал 5

Не запираат оставките во украинската влада, си заминуваат и потпретседателките на владата

Продолжува бранот оставки на високите украински функционери.

Не запираат оставките во украинската влада, си заминуваат и потпретседателките на владата

Вечерва оставки поднесоа потпретседателката на украинската Влада за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина и потпретседателката на Владата и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук, пренесе Индекс.

„Денеска, по речиси три години во Владата, поднесов оставка. Му благодарам на претседателот за укажаната доверба! Му благодарам на премиерот и на членовите на Владата за нивната соработка! Им благодарам на претставниците за поддршката! благодарам на тимот на Министерството за реинтеграција за нивната напорна работа и решителност“, напиша Верешчук на Фејсбук.

Претходно во текот на денот, уште тројца украински министри поднесоа оставки, ја информира јавноста претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

„До Врховната Рада на Украина беа поднесени писма со оставки од следниве функционери: Олександр Камишин, министер за стратешка индустрија на Украина; Денис Маљуска, министер за правда на Украина; Руслан Штрилец, министер за животна средина и природни ресурси на Украина. Виталиј Ковал , шеф на Фондот за државна сопственост на Украина, исто така испрати писмо со оставка“, напиша Стефанчук.

За овие оставки најави дека ќе расправа на претстојната пленарна седница. Причините за оставките не беа наведени, а само Камишин најави дека останува во одбраната, но на друга функција.

Претседателот Володимир Зеленски го разреши и Ростослав Шурма од функцијата заменик-шеф на кабинетот на претседателот. Претходно денеска, извори на Украинска Правда во претседателскиот кабинет потврдија дека Зеленски би можел да го отпушти Шурма во наредните денови.

Во август минатата година, Шурма беше спомната во контекст на скандалот со државните плаќања за соларни централи.

Извори на Украинска Правда во Кабинетот на претседателот тврдат и дека министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе биде разрешен. Тие додаваат дека најверојатен кандидат за нов шеф на украинската дипломатија е првиот заменик на Кулеба, Андриј Сбиха. Изворите јавуваат дека се подготвуваат и други смени, но дека премиерот Денис Шмихал останува на функцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер