Не стивнуваат реакциите по ставот на БАН за македонскиот јазик

Македонија се уште не одговори за позициите на Бугарската академија на науките и уметностите  дека македонскиот јазик е бугски дијалект . 

Премиерот Заев најави дека одговор ќе испратат по Нова година

Лидерот на ВМР- ДПМНЕ Христијан Мицковски го опомена државниот врв навремено да реагира

„Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат, како да одлучат за да ја демантираат одлуката на БАНУ. На ова ќе потсетам претходеше и Резолуција во Бугарскиот Парламент со која се спореше македонскиот јазик. Сето ова остана незабележано и без реакција на македонската држава, изјави Христијан Мицковски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Бугарската партија ВМРО, на министерот за одбрана Красимир Каракачанов излезе со свој коментар. Тие потсетија дека Бугарија прва ја признала македонската држава,и дека официјално Скопје може да го нарече јазикот како сака, но тоа не може да го смени фактот дека тоа е бугарскуи јазик .Оваа партија позната по својот антимакедонски став го му се обрати на премиерот Заев за како што вели неговото бугарско потекло

Впрочем, Заев најдобро го знае тоа: тој е од Струмичко-тој крај буквално последен беше одземен од Бугарија, според одредбите од Нјескиот договор. До ден денес, кога роднините и сограѓаните на Заев ќе отидат во други делови на Македонија сигурно уште ги прашуваат дали се „Бугари“-стои во дел од соопштението на бугарското ВМРО.

Со поумерени ставови Бугарскиот професор Ивајло Дичев во интервју за Дојче веле ја коментира позицијата на бугарската академија нарекувајќи ја политичка и смешна., а тензиите што се создаваат меѓу двете земји според него не и служат на Бугарија , но вели дека можеби и служат на Москва на Грција, и на Србија

„Северна Македонија ја избра својата јазична норма. Оттука натаму тој спор дали денешниот македонски јазик е развиен од бугарскиот јазик е малку смешен.

- Несериозно е ние да имаме претензии кон соседната држава. Тоа е како Италијанците да им кажат на Французите дека францускиот јазик потекнува од латинскиот и затоа им припаѓа ним вели Дичев.

И нашата научна фела регираше за непризнавањето на јазикот од бугарската академија .

Бугарските писатели, Бугарскиот ПЕН центар, бугарските преведувачи одамна го имаат признато македонскиот јазик, а за нас порелевантно е мислењето на писателите од она на политичарите. напиша академик Катица Ќулавкова

За академик Ќулавкова повторно се актуелизира, бугарската пристрасна јазична политика.

Бајден: На студентските протести поради војната во Газа мора да владее ред

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека правото на протест е загарантирано демократско право, но истакна дека поредокот мора да надвладее по судирите меѓу полицијата и студентите кои протестираа во универзитетските кампуси низ САД поради војната во Појасот Газа.

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Тој додаде дека студентските протести не го натерале да го преиспита својот пристап кон војната во Појасот Газа.

Пред повеќе од една недела американскиот претседател ги осуди „антисемитските протести“ на американските универзитети и, како што наведе, „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера рече дека Бајден „будно ја следи ситуацијата“ и оти некои универзитетски демонстрации ја преминале границата што ја дели слободата на говорот од незаконското однесување, наведувајќи го примерот на Универзитетот Колумбија каде, според неа, студентите насилно ја зазеле зградата. /МИА

Поголемиот дел од Кенија е без струја, земјата е зафатена од поројни врнежи

Прекин на струја вечерва погоди голем дел од Кенија, соопшти дистрибутерот на електрична енергија Кенија Пауер (Kenya Power), обвинувајќи го за тоа „прекинот во системот“.

„Жалиме за сите предизвикани непријатности и бараме од нашите клиенти трпение додека работиме да го вратиме нормалното напојување што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Kenya Power.

Прекинот во снабдувањето со струја доаѓа додека Кенија се бори со поројните дождови кои предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 188 луѓе и 165.000 се раселени.

Покрај главниот град Најроби, каде живеат околу пет милиони луѓе, прекин на електрична енергија има и во други градови, вклучително и Момбаса. /МИА

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, нанесени му се неколку убодни рани

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, со возило одведен кај Транспортен центар каде му се нанесени неколку убодни рани.

К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер