Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
1Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
БалканНе стивнуваат реакциите на бугарските политичари по изјавата на Николовски – се бара оставкаНе стивнуваат реакциите на бугарските политичари по изјавата на Николовски – се бара извинување и оставка на министерот.За речникот што го користат има само едно оправдување – оставка на тој министер, а доколку не го направат тоа, ниту претседателот, премиерот, министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив. Вака денеска лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ја коментираше изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, кој во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на претседателите Гордана Сиљановска – Давкова и Румен Радев, рече „очигледно домаќинот не е цивилизиран, ниту има почит, па затоа се случуваат вакви ситуации. Помизерни од нив се само нашите домашни слуги“. Борисов во одговор на новинарско прашање смета дека македонските власти постапиле подло со бугарскиот претседател и министрите кои се сретнале со нив, и рече „Владата во земјава е формирана неодамна, па затоа можеби не се запознаени со државниот протокол“. – Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив, најдобронамерно, тоа не можам да го одречам. Навистина тие се од неодамна во Владата во Македонија и работите околу протоколите не му се јасни на државниот протокол. Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив, рече Борисов. Според лидерот на ГЕРБ, Бугарија однадвор изгледа страшно и затоа мора како држава да се обиде да покаже стабилност за да може да оди напред, а тоа, вели Борисов, Бугарија не го прави веќе на седми избори по ред. – Прво ние треба да однесуваме како држава, да покажеме стабилност, да покажеме потенцијал да одиме напред, а ние не го правиме тоа веќе седми избори. И вие самите од нас, од мене, сте слушнале дека однадвор Бугарија изгледа ужасно. Најголемите весници во Европа пишуваа дека Бугарија нема владеење, додаде лидерот на ГЕРБ. Реакции имаше и од други бугарските политичари. Станислав Балабанов од „Има таков народ“, коментирајќи го телевизиското интервју на Николовски во Народното собрание рече дека политичарите во Македонија нема да ја видат Европската унија со вакво однесување, нагласувајќи дека не разбира зошто бугарските политичари се револтирани, кога истите тие пред неколку години го укинале ветото за земјава. – Политичарите во Македонија нема да ја видат ЕУ со ова однесување. Македонија нема да мириса на ЕУ, ако случајот стигне до ИТН, сѐ додека не го поправат своето однесување, реториката и не ги почитуваат сите елементи од договорите, рече Балабанов во Народното собрание. Во првиот ред, оние кои се преправаат дека се евроатлантичари - Борисов, Пеевски, Асен Василев, Кирил Петков, Христо Иванов, ги притиснаа копчињата за да се тргне ветото. Не разбирам зошто истите тие политичари се револтирани, денес, откако и ја дадоа Бугарија „на шалтер“ пред неколку години со укинувањето на ветото, рече Балабанов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЕвропаГерманските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“. Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина. Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЖивотБездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијатаТој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина. Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“. Не зборува италијански „Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања. Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна. Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат. Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор. „Целиот случај е необичен“ „Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт. Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки. „Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник. Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат. „Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.Тагови: куфер пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното мореТурските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи. Тагови: Мраморното море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter