ЖивотНе смее да има „класни поделби“ на интернетАктивистите кои се борат за слобода на интернет тврдеа дека иднината на мрежата е ставена на коцка. Пратениците на ЕП дебатираа за нов закон, со кој, како што велат активистите, предност им се дава на моќните концерни.Интернет испорачувачите не смеат да фаворизираат одредени услуги на штета на други, побара денеска (3.04) Европскиот парламент, кој расправаше за новиот Закон за единствен телекомуникациски пазар. Сите корисници на интернет мора да имаат рамноправен пристап до сите понуди и услуги на мрежата. Со ваквото свое изјаснување, пратениците ги надминаа рамките на предлозите на Европската комисија за т.н. „неутралност на мрежата“. Парламентарците бараат построги одредби. Притоа, имено, станува збор за прашањето - дали испорачувачите на одредени пакети со податоци смеат да имаат „побрза мрежа“ од останатите. Што се крие зад тоа? Кога сурфаме по интернет, сеедно дали испраќаме имејл пораки или гледаме некое видео, низ мрежата, кон нас и од нас се испраќаат пакети податоци. Досега, еден од основните принципи на интернетот беше и тој - сите пакети да се третираат исто, без разлика дали доаѓаат од обичен корисник, или од некој концерн гигант како Јутјуб. Оваа форма на неутралност на мрежата, според противниците на новиот закон, сега е во опасност. „На трети април се одлучува за иднината на интернетот“, изјави вчера Томас Лонингер од организацијата ЕДРи, која се залага за граѓанските права во еден дигитален свет. „Ако загубиме на ова гласање, ќе го загубиме животниот простор што се вика интернет, со сите шанси што тој ги нуди за иднината на демократијата, економијата и науката.“ Големи зборови, со кои активистите и‘ се обратија на јавноста во пресрет на гласањето во Европскиот парламент. Пратениците денеска се изјаснија во полза на специјален третман на услугите на кои им е потребна голема брзина на пренос, но нагласија дека тоа не смее да го загрози квалитетот и достапноста на останатите понуди и услуги. Интернет со две класи корисници? За активистите особено проблематична беше намерата на Европската комисија, која е предлагач на новиот закон, со законот интернет провајдерите да можат освен обични, да нудат и „специјални услуги“ за корисниците. Овие услуги во текстот на законот не се прецизно дефинирани. Оттука, постои опасност од создавање „интернет со две класи“, убедена е Катарина Нокун од организацијата „Кампакт“. Таа вели дека на тој начин се отвора можност „големите концерни да купат лента за претекнување на интернет-автопатите“ и на тој начин да спречат конкуренција и иновации на интернетот. Надја Хирш, која меѓу пратениците на либералите во Европскиот парламент е специјализирана за прашања на интернетот, смета дека жртви од ваквиот развој на настаните би можеле да бидат малите фирми и фирмите во основање. „Стручњаците кои ни се потребни за во Европа повторно да ја вратиме независноста во ИТ-структурите на тој начин повторно ќе завршат под тркалата на големите концерни кои ќе можат да ги претекнат на интернет“, тврди Хирш. Еврокомесарката Нели Крос, која е автор на новиот закон, не може да ги сфати протестите. Таа вели дека сите сакаат граѓаните на ЕУ да имаат непречен пристап до интернет, без блокади или намалување на брзината на пренос на податоци. А „специјалните услуги“? Тие веќе сега постојат, но дури со усвојување на новиот закон ќе се регулираат според јасни принципи, тврди Крос. Тие се наменети првенствено за содржини на кои им е потребна поголема брзина на пренос, како ТВ-програмите или видео конференциите. „Специјалните услуги никогаш нема да бидат алтернатива на интернетот, никогаш нема да ја направат мрежата побавна за сите останати корисници, ниту на корисниците ќе им бидат наметнати против нивна волја“, наведува Крос и додава дека целта не е корисниците одеднаш да мора посебно да плаќаат за да гледаат видео снимки на Јутјуб. Активистите и натаму скептични Тоа се зборови кои не можат да ги смират критичарите. Овде очигледно се работи за судир на сосема различни претстави за тоа како треба да изгледа „слободниот интернет“ или „неутралната отворена мрежа“. Активистите на „Кампакт“ вчера (2.03) во Брисел на европските пратеници им предадоа дебела папка, полна со 170.000 потписи, собрани за, како што тврди организацијата, само една недела. Сите луѓе кои се потпишале на петицијата се против новиот закон. Како и да е, до конечната одлука по законот ќе минат уште многу месеци. За него е потребна согласност на сите 28 земји членки на ЕУ. Наесен би требало да почнат преговорите меѓу Парламентот и ЕУ-државите по ова прашање. /Преземено: DW/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Секси скијачка Русокосата Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера. Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина. Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија. Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа. „Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина. Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“. Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието. За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЕштон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глуматаХоливудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат. Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent). Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг. „Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent). 48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb). Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate). Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08