Не се роднини, а сличноста е неверојатна (видео) - Канал 5

Не се роднини, а сличноста е неверојатна (видео)

– Тиктокерка ја запознала својата двојничка

Не се роднини, а сличноста е неверојатна (видео)

Сте размислувале ли некогаш каде на планетата живее вашиот двојник? Оваа девојка ја пронашла својата двојничка.

Еднојајчаните близнаци се посебно интересни за околината затоа што најмногу личат еден на друг, имаат ист лик, ист глас, па дури и манирите им се исти, докажувајќи колку генетиката е неверојатна работа.

Еби Херберт е инфлунсерка за животен стил на Тикток, која ја следат 15,5 милиони лица. Таа често објавува снимки во врска со модата и модерното мајчинство. Во нејзиното неодамна објавено видео, кое им се допаднало на 1,7 милиони лица, таа ја прикажала нејзината средба со една девојка која е нејзина копија.

@abbieherbert This was WILD! We are the SAME person @theonlyemilydoyle ♬ You dont know me - ellery

Иако на прв поглед сите биле изненадени мислејќи дека се работи за нејзината близначка, инфлуенсерката навела дека девојката е нејзината двојничка Емили Дојл, поради што била посебно возбудена. Нивната средба ја забележала со камера, а сличностите помеѓу двете девојки се навистина неверојатни - од изгледот, гестикулацијата, па сè до гласот и смеењето, што многу нивни придружници го потврдиле.

- Девојки, и двете личите на Џенифер Гарниe.

- Сигурни сте дека не сте близначки?!

- Дали сте во роднинска врска?

- Која која е?

- Имате иста висина... И глас, неверојатно!

- Ова е чудо! Се шегувате со нас? - беа дел од коментарите.

Корисниците на Тикток се изненадиле откако го погледнале видеото со овие девојки кои се гушкаат и разговараат, а потоа заедно позираат. Тие две се како копија една на друга, а тоа изненадило многумина, бидејќи истакнале дека не се во никаква роднинска врска. Повеќето ги споредиле со Џенифер Гарние, а некои рекле дека имаат сличности со актерката Натали Портман.

Дел од корисниците на Тикток кои ја следат Еби Херберт изразиле желба да го најдат својот двојник, признавајќи дека тоа би било навистина посебно искуство.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек.

Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции.

„Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи.

Во образложението на жирито се истакнува:

„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“

Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ.

Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ.

Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер