3ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
ЕкономијаНе се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од мартЗа исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.- За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок - рече Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање. По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект, Димитриеска-Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти сè останува како досега. - Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова, што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав можност да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството ниту, пак, сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме за „Мој ДДВ“, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку, напротив, сè останува како што беше досега - рече Димитриеска-Кочоска. Таа вели дека до овој момент нема информација дека е укинат Законот за минималниот глобален данок посочувајќи дека законот и подзаконските акти се идентични како и во другите држави. - Првпат слушам дека има какво било поништување, ако има, тогаш ќе кажам, жал ми е, затоа што тој данок компаниите ќе го платат во своите матични земји. Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во своите матични земји, туку да ги платат тука. Значи, компаниите не може да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент, ниту имам некаква информација дека е укинат ниту што било затоа што тоа е нешто што се воведе, би рекла, на светско ниво. ОЕЦД го спроведуваше и тука направивме идентичен закон како во сите други земји, дури и подзаконските акти речиси на крајот на годината ги носевме од причина што чекавме и другите земји да ги подготват. Ако ова се случило, тоа значи дека некој оди против оваа држава. За данок што треба да се плати и ако не го платат тука, ќе се плати во матичната земја, навистина поразително е ние да се откажеме од нешто што компанијата ќе го плати - рече Димитриеска-Кочоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кацигиОд 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравствотоВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“. Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница. Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook