Не сакате зелен чај? После ова сигурно ќе го пиете секој ден! - Канал 5

Не сакате зелен чај? После ова сигурно ќе го пиете секој ден!

Иако многумина превртуваат очи кога ќе се спомне зелениот чај, малкумина од нас ја знаат неговата чудотворна моќ кога станува збор за нашата кожа.

Не сакате зелен чај? После ова сигурно ќе го пиете секој ден!

Поради полифенолите со кои изобилува и нивниот заштитен механизам, со оглед на тоа што тие се блокатори на УВ зраци, овој чај се препорачува да се пие кога се изложуваме на сонце.

Полифенолите во зелениот чај имаат важна антиоксидативна, имуномодулаторна и фотозаштитна функција.

Дерматологот Скот Мекглин, за „Стадифајдингс“ истакнува дека за време на топлите денови покрај употребата на крема за сончање со заштитен фактор, добро е и редовно да се консумира зелен чај. Тој препорачува еден час изложување на сонце дневно и добра хидратација.

За оние со светол тен како Мекглин, се препорачува крема со заштитен фактор 30 или повеќе. Покрај тоа, тој предлага да носите кошула на сонце или да престојувате под чадор кога сте на отворено бидејќи оштетувањето од сонцето може да доведе до предвремено стареење. Според него, најдобро е да нанесете хидратантна крема после туширање за да ја навлажните кожата. За правилно отстранување на кремот со заштитен фактор после сончање, треба да користите благи сапуни и гелови кои не ја сушат кожата. Исто така, треба да избегнувате сапун за лице.

Ултравиолетовите зраци се штетни бидејќи ја оштетуваат кожата, очите и имунолошкиот систем и предизвикуваат предвремено стареење, изгореници од сонце и во најлош случај, рак на кожата. Кога станува збор за оштетување на очите, може да дојде до воспаление на рожницата, катаракта или заматување на леќата на окото, како и оштетување на мрежницата. Затоа, важно е да носите очила за сонце со соодветна УВ заштита. Изложувањето на УВ зраци може да има штетно влијание врз имунолошкиот систем бидејќи ја намалува способноста на телото да се бори против инфекции и болести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија.

Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието.

Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите.

Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси.

Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка.

Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

„Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци

На 08.09.2026 во 14:15 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово.

Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик.

Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер