О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
1О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
ЗабаваНе сака да ја нарекуваат плус - сајз манекенка!23 годишната манекенка од Австралија Стефанија Ферарио има проблем кога ќе забележи дека ја нарекуваат плус - сајз манекенка.- Јас сум манекенка! За жал, во овој бизнис ве нарекуваат „плус - сајз“ ако сте малку покрупна од тоа што е вообичаено. Мислам дека ова може да има негативен ефект на шансите за успех на манекенките - вели Ферарио. Стефанија изгледа прекрасно, но за да излезе од графата „плус сајз“ веројатно ќе треба да излезат од мода ултра - витките манекенки. Но, се повеќе се зборува за важноста на здравиот изглед на девојките, со убави женски облини, и кои се предностите на ваквите жени пред прегладнетите супер модели, од аспект на убавината. Стефанија е член на групата активисти кои повикуваат дека е потребно да прифатиме дека не има во секаква форма и големина, и дека поради тоа што не сме сите како супер - моделите, не треба да бидеме нарекувани „плус сајз“. За многумина Стефанија ја има баш точната големина и воопшто нема вишок килограми. Што мислите вие? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БизарноНови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца . Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години. Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес. Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумитеСекогаш кога сака да го психоанализира СДСМ, Христијан Мицкоски се повикува на Фројд. На денешната прес-конференција, Андреј Жерновски од СДСМ му порача на премиерот да погледне во сопствениот кабинет. Доволно е да ги преслуша своите изјави за Преспанскиот договор и за нарачувањето текстови во медиумите. „Затоа што колку повеќе го споменуваш Фројд, толку појасно станува дека неговите теории најдобро ги објаснуваат токму твоите постапки. Или, ако сакаш попрецизно и подиректно, подобро ќе беше ординацијата да ја побараш во сопствената влада, или поточно, во твојот кабинет“, рече Жерновски. Тој потсети дека Мицкоски во опозиција со години ги убедуваше граѓаните дека со Преспанскиот договор е изгубен македонскиот идентитет, го обвинуваше СДСМ за предавство и ветуваше дека ќе го поништи договорот. Сега, во странство и на англиски јазик, самиот признава дека македонскиот идентитет е зачуван и дека македонскиот јазик е потврден во Обединетите нации. „Дома ќе кажеш дека Преспанскиот договор ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, му порача Жерновски на Мицкоски и го повика да им се извини на граѓаните на кои со години им го тврдеше спротивното. Како втор пример, Жерновски ја посочи изјавата на Мицкоски од интервјуто за нарачувањето текстови во медиумите. „Можеме да нарачаме текст каде сакаме, во кој било портал“, го цитираше Жерновски премиерот. „Ех, Мицкоски, да можеше така како што нарачуваш текстови, така да си нарачаш и достоинство, чесност и чист образ“, порача Жерновски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook