Не работи ништо, а Челзи цела година му дава по 200.000 фунти неделно- не бара нова работа - Канал 5

Не работи ништо, а Челзи цела година му дава по 200.000 фунти неделно- не бара нова работа

Неверојатни информации доаѓаат од Англија, каде Дејли Мејл ги објави деталите за раскинувањето на соработката помеѓу Челзи и Греам Потер.

Не работи ништо, а Челзи цела година му дава по 200.000 фунти неделно- не бара нова работа

Англискиот менаџер беше отпуштен од Челзи во април 2023 година, седум месеци откако ја презеде тренерската функција на сините од Лондон.

Како што пренесува овој весник, Челзи бил должен да му ја исплати платата на Потер за следната година и половина, доколку дотогаш не најде нова работа.

На Потер очигледно не се брзаше, па се уште е без ангажман. А зошто да брза, кога на неговата сметка секоја недела легнуваат по 200.000 фунти.

Потер сега е кандидат за нов селектор на Англија, откако Герет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство.

Доколку ја прифати понудата да го преземе Гордиот Албион, ќе мора да се откаже од загарантирана плата до октомври.

Сепак, бидејќи Саутгејт беше убедливо најплатен тренер од сите на ЕП, нема дилема дека би имал сериозна плата на новата работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.

Во владата потпишани се  договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата.

Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Снимал со пријателите, а потоа следи БРУТАЛЕН напад!

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Мексиканскиот инфлуенсер Цезар Гастелум беше застрелан и убиен за време на пренос во живо на социјалните мрежи.

Гастелум во вторникот вечерта снимал видео со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во населбата „Трес Риос“ во градот Кулиакан, во северно Мексико, кога му пришле двајца мажи на мотор. Едниот од нив неочекувано во еден миг вади пиштол и пука од непосредна близина во инфлуенсерот и го убива.

Гастелум имал повеќе од половина милион следбеници на „Тик-ток“, каде што главно објавувал хумористични видеа. Ова не е првпат инфлуенсер од социјалните мрежи да биде убиен во Мексико.

Минатата година, 23-годишната Валерија Маркесубиен се наоѓала во козметички салон додека емитувала содржина во живо на „Тик-ток“.

Досега никој не е уапсен, а двајцата напаѓачи на мотор побегнале од местото на настанот. Засега не е познато дали Гастелум претходно добивал закани. На својот профил на Инстаграм, тој често објавуваше фотографии од патувања и ноќни излегувања, како и слики на кои позира пред луксузни автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер