1Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
ЖивотНе правете ги следниве грешки со рачниот багаж, може да бидат многу опасни и фатални!Поранешен пилот предупредува...Многумина едвај заштедуваат пари за годишен одмор, па кога конечно ќе ги платат трошоците за хотел и авионски превоз, за да не „фрлаат“ пари за багажот, многумина куферите ги туркаат во просторот за рачен багаж над нивните седишта, не размислувајќи колку тоа ја загрозува нивната безбедност. Еве што вели стјуардесата Кристи Корбл за ваквата ситуација: - Оние кои седнуваат меѓу првите, веднаш торбите ги ставаат во просторот предвиден за рачен багаж. Дури се случува да ги стават и во просторот за рачен багаж спроти нивните седишта, па се случува патниците кои влегуваат во авионот меѓу последните воопшто да немаат место за торбите. Никако не можат да разберат дека плаќањето на цената на билетот не им гарантира сместување на рачниот багаж во авионот. Сето тоа е индивидуално и зависи од одредени авиокомпании - објаснува Кристи за британски Сан. Ден Баб е поранешен пилот, кој сега предава на Универзитетот во Навада во Лас Вегас, забележал дека преку претоварувањето со рачен багаж, патниците ги загрозуваат и својот живот и животот на другите патници. - Патниците не сакаат да платат за дополнителна торба која навистина им е потребна. Па ќе ја бутнат во рачен багаж, а најчесто таа не може да се смести во преградата предвидена за рачен багаж, бидејќи тие торби се претешки, па постои реална опасност за време на летот или за време на непредвидени турбуленции да излетаат и да паднат врз главите на патниците, и сериозно да ги повредат - вели Баб. Овој поранешен пилот истакнува дека рачниот багаж е исто толку опасен за патниците колку што е опасен и за екипажот на летот. - Патниците по секоја цена се обидуваат некоја претешка торба да ја пикнат во преградата за рачен багаж која е премала. На почетокот, очекуваат стјуардесите, на пример, да им помогнат, мислејќи дека тоа е нивен дел од работата. Сепак, ова во никој случај не е дел од работата на екипажот на летот. Сите повреди на 'рбетот, исчашувања, да не зборуваме за посериозни повреди кои можат да ги предизвикаат тие тешки торби, ја доведуваат стјуардесата во ситуација да мора да оди на боледување, а потоа нема да добие цела плата и ќе претрпи повреди и болка - објаснува овој поранешен пилот. Тој додава дека денес на летовите преградите за рачен багаж се разликуваат во однос на некогашните прегради. - Порано торбата требаше да ја ставите како палачинка, а сега преградите за складирање се променети и приспособени на посовремените стандарди, така што торбите ги пакувате „повеќе како бурито“, а поретко како палачинки. Луѓето упорно се трудат да го стават багажот онака како што научиле некогаш, и не престануваат да ги туркаат торбите погрешно иако гледаат дека тоа не оди. Им советувам на патниците да го намалат рачниот багаж, за секој да може да си ги стави торбите, и да нема непотребно чекање некои торби да се втурнуваат на сила - објаснува Ден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter