Не може да ги додржи еврата- српска пејачка за неколку секунди доби богатство (ВИДЕО) - Канал 5

Не може да ги додржи еврата- српска пејачка за неколку секунди доби богатство (ВИДЕО)

Српската пејачка Надица Адемов е сигурно една од најголемите „кралици на бакшишот“ на шоубизнис сцената, а како доказ за тоа, сега се појави видео од приватна забава.

Не може да ги додржи еврата- српска пејачка за неколку секунди доби богатство (ВИДЕО)

Имено, Надица го зграпчи микрофонот и го отпеа својот нов хит, а само за тие три минути рацете ѝ се наполнија.

Како што можете да видите, Надица го држи микрофонот и ги пее зборовите на песната „Мами, мами, мамина си среќа“, а оваа песна ги допре срцата на многу родители, па банкнотите едноставно летаа, објави Телеграф со ВИДЕО од забавата.

За само неколку секунди, сигурно ѝ ставиле околу неколку илјади евра во нејзините раце, а банкнотите во апоени од 200, 500 и 100 евра едноставно летнаа.

„Леле, што направи жената“, „Дали се случи ова, колку пари има тука“, „Жената е магнет за пари“, се некои од коментарите.

Купиле луксузен имот покрај море за 300.000 евра

Пејачката и нејзиниот сопруг неодамна купиле луксузен апартман во хотел на црногорскиот брег, во близина на Будва, а сега го покажале бруталниот поглед што се протега од нивната тераса.

Додека децата си играле на балконот, Надица го снимала хоризонтот и прекрасниот залез на сонцето, а глетката ги воодушевила сите.

Патем, како што дознаваме, Надица Адемов и нејзиниот сопруг издвоиле околу 300.000 евра за овој луксузен апартман, објави Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место

Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.

Избори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место

„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“.

Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро.

Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг.

Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања.

Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија.

Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време.

Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула.

Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер