Не јадела леб цел месец, сите се изненадиле од неочекуваните промени во организмот - Канал 5

Не јадела леб цел месец, сите се изненадиле од неочекуваните промени во организмот

Неконсумирањето на рафинирани јаглехидрати може да доведе до помали осцилации на нивото на шеќер во крвта.

Не јадела леб цел месец, сите се изненадиле од неочекуваните промени во организмот

Првиот чекор во промена на исхраната е исфрлањето на белиот леб и печивата од менито, а тоа на љубителите на тестенини тешко им оди. Една жена одлучила еден месец да не јаде леб, а резултатите ја изненадиле не само неа, туку и нејзиниот доктор.

- Првите денови не ми беше лесно, бидејќи буквално цел живот појадувам леб – признава таа.

После еден месец, кога отишла на контрола, резултатите биле сосема неочекувани.

- Холестеролот беше во нормални граници, шеќерот совршен, а имав и 4 килограми помалку, иако не вежбав ниту еден ден – наведуваа оваа жена.

Она што посебно го изненадило нејзиниот лекар било нивото на триглицериди, кое драстично се намалило во однос на претходните анализи.

Сепак, она што најмногу ја израдувало, не биле само изгубените килограми, туку чувството на леснотија, поголема енергија, отсуството на надуеност и постојаната потреба од грицки.

Нутриционистите објаснуваат дека проблем не е само лебот, туку и количината и видот на лебот што се консумира. Белиот леб се вари брзо, предизвикува нагло покачување на шеќерот во крвта и често доведува до дополнителна потреба за храна.

Кога лебот ќе го исфрлите од исхраната, телото полека доаѓа до рамнотежа, а нивото на инсулин се стабилизира.

Кај многумина, исфрлањето на рафинираните јаглехидрати може да доведе до помали осцилации на нивото на шеќер, намалено чувство на глад, па со самото тоа и помало внесување на храна, објаснуваат нутриционистите.

Иако резултатите кај оваа жена се импресивни, стручните лица предупредуваат дека решението не е во тоа засекогаш да се исфрли лебот од исхраната. Наместо тоа, препорачуваат правење на подобар избор на храна, како што е интегрален, протеински или ‘ржан леб, во контролирани количини.

Имено, ако јадете леб, а не внесувате доволно растителни влакна од други извори, тоа може да биде проблем, па рамнотежата е клучна.

-Не велам дека сите треба да престанат да јадат леб, но ако чувствувате умор, надуеност или имате вишок килограми, што никако не одат надолу, пробајте еден месец без леб и задолжително посоветувајте се со лекар. Мене овој мал експеримент ми го промени животот – заклучила оваа жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста.

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена.

Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците.

Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа под закана на лажни дојави за експлозивни направи во патнички авиони

Европа под закана на лажни дојави за експлозивни направи во патнички авиони.

Европа под закана на лажни дојави за експлозивни направи во патнички авиони

Европскиот воздушен сообраќај беше соочен со серија безбедносни инциденти во периодот од 2 до 5 ноември 2026 година, кога повеќе авиокомпании и аеродроми добија дојави за наводно поставени експлозивни направи во патнички авиони. Во овој период во најмалку 33 летови биле откажани заради дојавите..

Инцидентите биле пријавени во Италија, Ирска, Обединетото Кралство, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Финска, Австрија, Данска, Белгија, Португалија, Франција, Грција, Србија и Чешка.

Не сите дојави довеле до пренасочување на летовите. повеќето авиони слетале на планираните дестинации, по што биле спроведени безбедносни проверки. дел од летовите биле пренасочени, а најмалку пет добиле придружба од воени авиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња го продолжи договорот со Барселона!

Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона заврши одлична работа и ја осигура иднината на еден од своите најважни фудбалери!

Рафиња го продолжи договорот со Барселона!

Бразилецот Рафиња еден од капитените на тимот, го продолжи договорот со каталонскиот гигант до 30 јуни 2030 година, а неговото признание по потпишувањето привлече посебно внимание.

Имено, тој откри дека пред само две години бил убеден оти ќе го напушти клубот! Рафиња потпиша нов договор со каталонскиот гигант, кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година.

Претходната соработка важеше до 2028 година, но раководството одлучи да го награди за фантастичните игри и уште еднаш да покаже колку сметаат на него. Сепак, зад ова потпишување стои многу поголема приказна од едноставно продолжување на соработката. На свечената церемонија, Рафиња призна дека ни самиот не верувал оти ќе доживее таков пресврт во Барселона!

- По првите две години во клубот, не можев ни да замислам дека денес ќе бидам овде. Веројатно ни многумина од вас не очекуваа дека ова ќе се случи, бидејќи тогаш бев изложен на многу критики. Јас знаев колку можам и што можам да му дадам на овој клуб. Особено е интересно она што Рафиња го откри во интервју за британскиот „Гардијан“.

Бразилецот призна дека во 2024 година веќе бил ментално подготвен да ја напушти Барселона. Не чувствувал доволно доверба, а ситуацијата околу неговиот статус во тимот воопшто не била едноставна.

- Во себе веќе знаев дека си заминувам. Тоа беше крајот, вистина е. А потоа следеше пресврт! На клупата на Барселона седна Ханси Флик, кој го повика Бразилецот на разговор и јасно му стави до знаење дека смета на него.

- Ми рече дека има доверба во мене, дека ќе бидам важен за тимот и дека начинот на кој играме ќе ни одговара. Во таков момент, неколку зборови можат да променат сè. Почувствував голема доверба и добив сигурност да го играм својот фудбал.

Одлуката да остане се покажа како полн погодок. Бразилецот блесна, стана еден од најважните играчи во тимот, а во август оваа година ја доби и капитенската лента!

Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, а денес е еден од најзаслужните за успехот на каталонскиот клуб. За првиот тим одигра 190 натпревари, постигна 94 гола и забележа 64 асистенции.

Со Барселона освои три титули во шпанското првенство, еден Куп на кралот и три шпански Суперкупа. Оваа сезона игра во фантастична форма, а особено се истакна по промената на својата позиција. Ханси Флик го помести поблиску до противничкиот гол и сè почесто го користи како централен напаѓач.

Резултатот е импресивен – 19 гола во раната фаза од сезоната, од кои 15 во првенството и четири во Лигата на шампионите. Со тоа, Бразилецот стана еден од најубиствените фудбалери во Европа!

– Ја променив позицијата и се обидувам да го дадам најдоброто за тимот. Се прилагодувам на она што се бара од мене. Уживам во тоа, а сè е полесно кога го имате квалитетот што го поседуваме во овој тим. Сепак, еден трофеј особено му недостасува.

Бразилецот не крие дека има огромна желба да ја освои Лигата на шампионите со Барселона.

„Има еден трофеј што сè уште ми недостасува, но сакам да освојам што е можно повеќе во овој дрес до 2030 година“ – рече тој. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, присуствуваше на потпишувањето на новиот договор, при што клубот јасно покажа дека Рафиња претставува еден од столбовите на проектот за наредните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер