Не е регистриран таков случај, велат од МВР по шпекулациите дека Михаилова се обидела да избега во Бугарија - Канал 5

Не е регистриран таков случај, велат од МВР по шпекулациите дека Михаилова се обидела да избега во Бугарија

Дали Ива Михаилова на која и се суди за сообраќајка во која загина човек во Кочани синоќа се обидела да избега од државата? 

Не е регистриран таков случај, велат од МВР по шпекулациите дека Михаилова се обидела да избега во Бугарија

МВР и адвокатот на Ива Михаилова немаат информации дека таа синоќа се обидела да избега од државата. Од МВР за канал 5 велат дека таков случај немало, откако на социјалните мрежи се прошираја шпекулации дека Михаилова вчера попладне се обидела да ја напушти земјава преку граничниот премин Делечво, потпомогната од лица од Бугарија.

-Во врска со вашето прашање, ве известуваме дека не е регистриран таков случај. – велат од МВР

Дека Михаилова се обидела да избега, демантира и нејзинот адвокат Насер Рауфи... Сепак, тој потврди дека по информациите што се проширија синоќа, полициски службеници проверувале дали Михаилова е дома.

– Нејзините мерки на претпазливост се одземање на патна исправа, забрана на напуштање на Кочани и јавување во судот. Значи во никој случај МВР нема никакво право да проверува дали она се наоѓа во својот дом. А за шпекулацијата дека таа избегала, нешто што за мене е ширење на лажни вести....

Михаилова која има двојно државјанство – македонско и бугарско, е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа бара да биде пуштена да се лекува во Бугарија, но Рауфи вели дека немаат поднесено гаранција за укинување на мерките на претпазливост против Михаилова, бидејќи таа немала имот на свое име.

Инаку, во протестите за нејзино пуштање во Бугарија се појави и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој се бара со потерница за издржување на казна затвор од 12,5 години за предметот Детонатор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Инвестираме за почисти и поуредни општини

Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена.

Николоски: Инвестираме за почисти и поуредни општини

Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена, напиша на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави видео од возилата.

Опремата е наменета за општините и планските региони, со цел подобро, и навремено одржување на јавните површини и комуналната инфраструктура.

Се набавија возила за:

Скопје и Скопскиот плански регион

Куманово и Североисточниот плански регион

Прилеп

Струмица

Штип

Охрид

Тетово

Неготино

Кичево

Дебар

Велес

За почисти општини и подобри услуги за граѓаните - објави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)

Тешки повреди и болни крици го одбележаа четвртфиналниот натпревар помеѓу грчките и српските репрезентации на Европското првенство во одбојка за жени во Брно. 

Тешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)

Србија победи со 3:0 (25:14, 25:20, 25:17) и се пласираше меѓу последните четири на турнирот, а по таа игра социјалните мрежи беа преплавени со видео од повредата на грчката претставничка Георгија Ангелопулу (21).

Тоа се случи на почетокот на вториот сет и по судир со соиграчка. Младата одбојкарка падна на подот со болни крици, по што медицинската служба влезе на теренот за да ѝ помогне. Нејзините соиграчки, како и нејзините сопернички, беа видливо потресени.

Не можеше да ја продолжи играта

Некои од нив не можеа да ги задржат солзите додека ја гледаа Ангелопулу, која не можеше да ја продолжи играта и мораше да го напушти теренот. Во исто време, противничките на српската репрезентација се држеа за главите, а публиката на трибините гледаше во шок.

Србија до пласманот во осмото полуфинале на Европското првенство ја предводеа Тијана Бошковиќ со 17 поени, Александра Узелац со 15 и Бранка Тица со 12 поени. За Грција, Елпида Тикманиду и Марта Антули постигнаа по девет поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите погодија едно од најголемите фармацевтски складишта во Украина (ВИДЕО)

Во руски напад синоќа, логистичкиот комплекс на компанијата „Биокон“ во областа Бориспил во регионот Киев беше тешко оштетен.

Русите погодија едно од најголемите фармацевтски складишта во Украина (ВИДЕО)

Во руски напад синоќа, логистичкиот комплекс на компанијата „Биокон“ во областа Бориспил во регионот Киев беше тешко оштетен, потврди началникот на регионалната воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, како што објави „Украинска правда“. Станува збор за еден од најголемите специјализирани магацини за лекови во целата земја.

Штетата се мери во десетици милиони евра

Според извори од фармацевтскиот сектор кои разговараа со „Економска правда“, бизнис портал во рамките на „Украинска правда“, погоден е комплексот на „Биокон“. Соговорниците проценуваат дека штетата предизвикана во нападот може да достигне неколку милијарди гривни, што изнесува најмалку неколку десетици милиони евра.

Специјализиран магацин за странски компании

Компанијата „ХФК Биокон“ се занимава со фармацевтска логистика и складирање на медицински производи. Странските фармацевтски компании изнајмуваат фармацевтски магацини во своите простории, а компанијата им нуди и услуги за складирање лекови во царински магацин.

Во последните недели, руските сили значително ги засилија нападите врз магацините и логистичката инфраструктура низ целиот регион Киев.

Така, на 27 август, рускиот напад во истиот округ предизвика голем пожар во магацините. Само синоќа, руската армија ја нападна Украина со 163 борбени беспилотни летала, од кои украинската воздушна одбрана успеа да собори 135.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер