НЦАА : Луисвил универзитетски шампион во кошарка , Питино легенда - Канал 5

НЦАА : Луисвил универзитетски шампион во кошарка , Питино легенда

Тимот на Луисвил е новиот универзитетски шампион на Америка во кошарка.

НЦАА : Луисвил универзитетски шампион во кошарка , Питино легенда



Универзитетот Луисвил ја освои шампионската титула во НЦАА лигата, со победа над кошаркарите од универзитетот Мичиген од 82-76 во големото финале на завршниот турнир во Атланта.

Најзаслужен за големиот триумф на Луисвил и освојувањето на третата универзитетска титула во историјата НЦАА е извонредниот Пејтон Сива со 18 поени, 6 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Одлично одигра и Лук Хенкок со 22 кошеви, погодувајќи ги сите пет тројки.

Тренерот на универзитетот од Кентаки Рик Питино во само еден ден стана член на Куќата на славните и дел од универзитетската кошаркарска историја , како прв тренер кој успеал да ја освои титулата во НЦАА со два различни универзитета( во 1996 година беше шампион со Кентаки).

Инаку и неговиот син е во кошарката и е главен тренер во Минесота Голден Гоферс.
За Луисвил ова е третата титула универзитетски шампион на САД. Првите два трофеја популарните „кардиналси“ ги освоија во 1980 и 1986 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско

33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. 

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско

Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот.

„Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци.

Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите.

„Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола.

Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов.

Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена пред малку на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна.

За да ги уверат граѓаните во исправноста, функционерите пиеја вода од јавната чешма пред општината.

Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Бети, дали со ова конечно се става крај на кризата во градот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација поради пожарите во Грција

Пеколното деноноќие во Сивири заврши, пожарот кој со часови пустошеше на популарниот прв крак на Халикиди е ставен под контрола, но се уште, постои ризик од разгорување поради силниот ветер.

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација поради пожарите во Грција

Огнот кој вчера доцна попладнето молскавично се прошири во шумскиот предел во Сивири, принуди на евакуација илјадници туристи и од околните летувалишта, меѓу кои и многу Македонци. Семејство од Скопје кое било сместено во Посиди, 10 километри од главното жариште, за Канал 5 сведочи за хаосот кој настанал кога им стигнале пораките за итна евакуација.

-Бевме сместени во Посиди и добивме пораки на телефон итно да се евакуираме кон Скиони. По пат беше хаотично, од сите страни доаѓаа колони кои се обидуваат да го напуштат кракот кон Солун. Патувавме пет часа за да го напуштиме кракот. , вели скопјанка за Канал 5.

Од македонското МНР информираа дека пет наши семејства побарале помош и се евакуирани. Апелираа до граѓаните во случај на потреба да се јават дежурниот телефон на министерството или на електронската адреса (+389 75 268 736 или преку електронската адреса [email protected].) Изгорени се над 3,500 хектари, уништени се куќи и автомобили, а огнот го парализираше копнениот пат вчера, поради што најмалку 500 туристи беа евакуирани од Сивири со бродови.

-Ги носиме кон летувалиштето Сани. Колку бродови имате? Имаме повеќе од 15.

-Состојбата е неизвесна, многу куќи и автомобили се оштетени.

-Внимавајте, таму владее хаос.

-Ако не бевме ние самите, се ќе изгореше. , велат жители на Скиони.

Со катастрофални пожари се бори и Далмација во Хрватска, а стихијата која синоќа го зафати Омиш локалните жители веќе го нарекоа Огнен Армагедон. Најмалку 15 луѓе се повредени, од кои половината се во критична состојба.

Излези од автомобилот.

Страшно е. Мене ми се плаче.

Ова е катастрофа. Јас сум тука 50 години. Од сите пожари во Далмација, овој е најстраѓниот пожар.

300 пожарникари со 90 возила се обидуваат да го стишат огнот, кој во неврат однесе 10-ици куќи и автомобили и штета која допрва ќе се утврдува.

-За жал, голем број куќи се изгорени. Голем број возила и на улиците, и покрај улиците, кои не беа тргнати се изгорени. Голема метаријална штета за нашите граѓани.

Освен Грција и Хрватска, со пожари од различни размери се соочуваат речиси сите земји од регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер