Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
2Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаНБРМ со нов модел за тарифирање на банките - на потег се банките да ги намалат надоместоците за граѓанитеЦентралната банка го направи првиот чекор - од 1 август воведува целосно нов модел на надоместоци за банките, што ќе овозможи пониски трошоци, но и треба да придонесе кон поевтини услуги за граѓаните и компаниите, на потег сега се банките. Првиот човек на НБРМ Трајко Славески очекува банкарскиот сектор да го следи нивниот сингал. Иако вели дека според неговите сознанија повеќето банки во моментов веќе работат на ова прашање, доколку не ги намалат провизиите и надоместоците кои ги плаќат граѓаните, тогаш има начини како да се делува. „НБРМ секако во соработка, однсно со други ограни на држават аима начини има идеи како во слуачј на повотнро не следење на сиганлите би постапила во идина. Не даваме рокови, мислам дека станува збор за одоговорни субјекти и мислам дека повеќе од нив веќе ги прават тоа во моментов... Сите очекуваме одговорно разумно однесување и ова ѓто ние ги намалуваме како олеснување за банкие тие веднаш може да го пренесат кај клиенитите. “- Трајко Славески – Гувернер на НБРМ. Ова произлегува по состанокот кој НБРМ пред неколку недели го имаше со банкарскиот сектор, каде гуверенерот Славески побара банките да ја разгледаат можноста за намалување на провизиите и надоместоците, а тие како централна банка да ги намалат услугите во МИПС. Со промената која ја прават како што рече Славески, ќе се воспостави поедноствана и поконкурента структура на тарифи. „Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспотавениот модел ги поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на транскации кај НБРМ.“ -- Трајко Славески – Гувернер на НБРМ. Инаку според последниот ивештај на централната банка за 2024, македонскиот банкраски сектор остварил вкупен профит од нешто над 280 милиони евра, а само од прозвии и надоместоци имале приход од околу 115 милиони евра, речиси исто онолку колку што им биле вкупните трошоци за плати за сите вработени. Тагови: Народна Банка Трајко Славески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрагаОсум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство. Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи. -Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра. -Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter