НБА засилување за Галатасарај - Канал 5

НБА засилување за Галатасарај

Досегашниот кошаркар на Хјустон Рокетс, Џои Дорси кариерата ќе ја продолжи во турскиот Галатасарај, потврди неговиот агент Миодраг Ражнатовиќ.

НБА засилување за Галатасарај

Дорси има завидно европско искуство, но минатата сезона играше во Хјустон Рокетс со ефект од 2,7 поени и 3,9 скокови по меч.

Тој во својата кариера има играно и во Сакараменто Кингс, Торонто, Каха Лаборал, Газиантеп, Барселона и Олимпијакос со кој ја освои и титулата европски шампион во 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. 

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“.

Добар ден и од мене.

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато.

Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства.

Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи.

Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер се јави од болница

 Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. 

Јаник Синер се јави од болница

Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим.

„Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер.

Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи.

Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина милион евра

Се ближи крајот на бракоразводната парница на екс спортската брачна двојка, тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер. 

Скап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина милион евра

Разводот на поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел скапо да ја чини германската спортска легенда.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за сума од над половина милион евра годишно.

Швајнштајгер ќе мора да издвојува 45.000 евра месечно за издршка на своите три сина што ги има со Ивановиќ, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од Германија.

Екс тенисерката го запозна поранешниот капитен на Германија, Швајнштајгер во 2014 година, а две години подоцна тие стапија и во брак на 12 јули 2016 година во Венеција.

Во бракот добија три сина – Лука, роден во 2018 година, Леон, роден во 2019 година, и трет син, роден во 2023 година. Нивната врска заврши по речиси 11 години, а разделбата беше официјално потврдена во јули 2025 година. Како причина беа наведени непремостливи разлики.

Судот на Мајорка донесе привремена одлука според која поранешниот германски репрезентативец мора да плаќа по 15.000 евра за секое дете.

На годишно ниво, тоа изнесува околу 540.000 евра, пренесуваат германските медиуми. При одредувањето на издршката, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер и животниот стандард на кој децата биле навикнати.

Исто така, биле земени предвид и трошоците за нивното секојдневие, вклучително и плаќањето за приватни готвачи, дадилки, куќни помошници и градинари, пренесува Sportal.rs.

Старателството над децата ѝ припадна на Ана, која исто така ќе ја задржи куќата на Мајорка, купена пред таа да стапи во врска со Швајнштајгер.

Фудбалерот ја заврши својата професионална кариера во 2019 година, но сепак остварува значителни приходи. Од 2020 година, тој работи како стручен аналитичар на германската телевизија АРД (ARD), со која има договор најмалку до 2027 година.

Според достапните проценки, тој добива меѓу 10.000 и 25.000 евра за секое телевизиско појавување.

Приходи остварува и преку спонзорски соработки, меѓу кои се издвојува кампањата за познат ланец на ресторани за брза храна, подготвена во пресрет на Светското првенство во 2026 година.

Неговото вкупно богатство се проценува на 60 до 70 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер