НБА утврди дека Кливленд е оштетен во првиот финален натпревар против Голден стејт - Канал 5

НБА утврди дека Кливленд е оштетен во првиот финален натпревар против Голден стејт

НБА лигата го објави извештајот поврзан со судиските одлуки во последните две минути од регуларниот дел на првиот финален натпревар меѓу Голден стејт вориорс и Кливленд кавалирс.

НБА утврди дека Кливленд е оштетен во првиот финален натпревар против Голден стејт

Во извештајот е нагласено дека судиите во последните две минути донеле повеќе неточни одлуки на сметка на Кливленд, а натпреварот во регуларниот дел заврши 107:107, но Голден стејт славеше по продолженијата со резултат од 124:114.

Во извештајот се нотира дека на 12 секунди до крајот Дејмонд Грин го фатил Леброн Џејмс за рака додека тој одел кон кошот, но судиите или не виделе или намерно не досудиле прекршок.

Исто така Грин, по второто промашено слободно фрлање на Џорџ Хил, предвреме влегол во рекетот и направил престап, но и тоа не е досудено.

Меѓутоа, од НБА потврдија дека судиите биле во право на 36 секунди пред крајот, кога ја променија првичната пресуда и од фаул во напад на Кевин Дурант досудија прекршок во одбрана на Леброн поради што Кливленд реагираше.

Вториот натпревар од финалната серија повторно се игра во Оукленд. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора го менува Уставот

Без да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.

Црна Гора го менува Уставот

Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата.

Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон.

„Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер