НБА: Сан Антонио на чекор до тронот,Мајами е победен со 114-104 за водство од 3-2 во победи - Канал 5

НБА: Сан Антонио на чекор до тронот,Мајами е победен со 114-104 за водство од 3-2 во победи

Кошаркарите на Сан Антонио поведоа во големото финале на НБА лигата со 3-2 во победи откако утринава го совладаа бранителот на тронот Мајами со 114-104.

НБА: Сан Антонио на чекор до тронот,Мајами е победен со 114-104 за водство од 3-2 во победи
Со овој триумф популарните „Спарси “ се на само една победа од новиот шампионски прстен во најсилната светска кошаркарска лига.

Во вторник на гостувањето во Мајами ,тимот на Сан Антонио ќе ја има првата меч топка за шампионскиот трофеј.

Маестралните Ману Џинобили, Тони Паркер , Дени Грин и Тим Данкан со 81 постигнат поен го водеа Сан Антио до победа над Мајами.
Паркер Со 26 постигнати кошеви заедно со Џинобили кој уфрли 24 поени беа најефикасните кошаркари во победничкиот тим.
Кај поразениот Мајами со по 25 постигнати кошеви се истакнаа Двејн Вејд и Леброн Џејмс. Забележителен настап и 21 поени имаше и ветеранот Реј Ален.

Финалната серија од НБА плеј фото која се игра до 4 победи сега се сели на теренот на бранителот на титулата Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Денеска по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалните резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.

Денеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Ова било констатирано на вчерашниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници.

Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Шестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. 

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.

Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација, а покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од Охридскиот договор

Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот  мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Пит

25 години од Охридскиот договор

Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт.

Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор.

Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери.

Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција.

Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер