НБА Ол-Стар: Центар најдобар тројкаш, лош натпревар во забивање - Канал 5

НБА Ол-Стар: Центар најдобар тројкаш, лош натпревар во забивање

Вториот ден на НБА Ол-Стар викендот во Кливленд традиционално ги донесе натпреварите во забивање и тројки.

НБА Ол-Стар: Центар најдобар тројкаш, лош натпревар во забивање

Најдобар тројкаш се покажа суперѕвездата на Минесота Карл-Ентони Таунс што се случува прв пат во историјата центар да биде најдобар во овој натпревар. Во скилс-челенџ победи тимот на Кливленд со што беше воодушевена домашната публика. Во забивање најдобри оценки од жирито доби Оби Топин од Њу Јорк но дефинитивно натпреварот беше најлош во историјата на Ол-Стар викендите. Никој од учесниците не доби максимални 50 поени. Во 2 часот по полноќ ке се игра главниот натпревар меѓу тимовите на Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Во свет кој се менува со неверојатна брзина, приказната за Џон (101) и Џери (100) Керол од Тенеси е прекрасен потсетник за значењето на љубовта, верноста и семејството.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух.

Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век.

Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби.

А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен брак, неговиот совет е едноставен:

„Почитувајте ја сопругата, помагајте ѝ и трудете се!“

YouTube video

Големо семејство

Во текот на осум децении заеднички живот, Џон и Џери добиле три деца, седум внуци, 21 правнук и едно чукунвнукче.

Нивната приказна покажува дека понекогаш токму малите секојдневни навики, меѓусебната почит, поддршката и времето поминато заедно се најголемата тајна на долготрајната љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер