2ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
НБАНБА: Одредени стартните петорки за Ол Стар мечотНа основ на вкупното гласање за капитени на тимови на ОЛ Стар мечот во НБА се избрани Леброн Џејмс, ѕвездата на ЛА Лејкерс и Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки на Истокот.Утрово се одредени и кошаркарите кои ќе бидат членови на стартните петорки на Истокот и Западот на претстојниот НБА Ол Стар, како и капитените Леброн Џејмс и Адетокумбо кои имаа право да изберат кошаркари. „Кралот“ Леброн Џејмс по 15 пат во кариерата ќе настапи на еден НБА Олс Стар меч, но сега како победник во гласањето на Западот. Покрај Леброн на 68 НБА Ол Стар во почетната петорка на Западот се избрани Џејмс Харден, Пол Џорџ, Стеф Кари и Кевин Дурент. Интересно во стартната петорка го нема Словенечкото чудот Лука Дончиќ кој според бројот на добиените гласови на Западот е на второто место веднаш зад Џејмс. Во првата петорка на Истокот покрај капитенот Адетокумбо ќе играат и Кевин Ленард, Џоел Ембид, Кајри Ирвинг и Кемба Вокер. Според правилата кои важат во последните три години, од осумтемина кошаркари избрани од страна на навивачите, медиумите и другите кошаркари, изгласаните капитени ќе одбарет со кого ќе истрчаат на терен на 17 февруари во Спектрум Центарот во Шарлот. Исто така, покрај веќе одредените стартери, преостанатите 14 кошаркари на клупата за резерви ќе бидат избрани од тренерите на НБА тимовите. Годинешниот Ол Стар викенд ќе се одржи од 15 -17 февруари во Шарлот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијатаСо изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска. Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект. Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација. Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook