НБА објави протоколи за продолжување на сезоната на 113 страници , има смешни детали - Канал 5

НБА објави протоколи за продолжување на сезоната на 113 страници , има смешни детали

Додека се подготвува за продолжување на сезоната кон крајот на јули во изолираната околина на Дизни Ворлд во Флорида, НБА-лигата објави детален список со протоколи за однесување на дури 113 страници.

НБА објави протоколи за продолжување на сезоната на 113 страници , има смешни детали

Овие упатства се однесуваат на веројатно сите можни ситуации за кои можеле да помислат авторите, а новинарите кои ги читале на социјалните мрежи споделија некои детали за кои сметаат дека се особено важни или едноставно смешни.

Во делот за хигиена, НБА-лигата бара од играчите да не плукаат или да го дуваат носот на теренот, да не ја бришат топката со маичка, да не ги лижат прстите и да не ја допираат устата, ако не мораат.

Новинарот на култниот ESPN, Адријан Војнаровски го наведе како омилен детал од огромниот прирачник препораката дека во слободно време кошаркарите може да играат само индивидуално пинг-понг, да избегнуваат играње во двојки со цел да одржат социјална оддалеченост од два метри.

Неговиот колега Зак Лоу е воодушевен од упатствата против коронавирусот, во делот каде што се очекува оддалеченост од два метри, што е тешко да се направи кога играчите седат на иста маса. Им е наложено да носат маски ако играат карти во затворен простор и да ги фрлаат шпиловите карти во ѓубре кога ќе се заврши играта, истакнувајќи дека ќе им бидат достапни доволен број шпилови сè додека се наоѓаат во изолација во Дизни.

Воведена е и новина што нема да им одговара на многу луѓе затоа што би можела да се злоупотреби. Имено, НБА ќе отвори телефонска линија, каде играчите ќе можат да се пријавуваат меѓусебно анонимно, доколку забележат прекршок на протоколот.

Не е разјаснето, или барем најавено, што ќе се случи во вакви случаи, дали ќе се спроведат истраги, како ќе бидат казнети играчите и дали обвиненијата ќе ги измислат против противникот во следниот меч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматичен пожар во Зелениково

Драматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. 

Драматичен пожар во Зелениково

За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа.

Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково.

Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Локалните власти ја потврдија информацијата.

Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс.

Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош.

Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата.

Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер