НБА: Њујорк до крајот на плејофот без повредениот Робинсон - Канал 5

НБА: Њујорк до крајот на плејофот без повредениот Робинсон

 Центарот на НБА лигашот Њујорк, Мичел Робинсон ќе мора да паузира од шест до осум недели поради повреда на левиот зглоб што значи дека за него практично плејофот е завршен.

НБА: Њујорк до крајот на плејофот без повредениот Робинсон

Претходно оваа сезона, Робинсон пропушти 49 натпревари поради операција на глуждот. Центарот се врати на паркетот во самиот крај на регуларниот дел од сезоната и учествуваше во плејоф серијата од првото коло во Источната конференција против Филаделфија која Њујорк ја доби со 4:2.

Последниот натпревар што го одигра Робинсон беше во понеделникот во победата над Индијана со 121-117 во првиот натпревар од второто коло од плеј-офот. Во него Робинсон запиша два поени и два скока на своето конто.

Робинсон е третиот клучен играч за Никс кој предвреме ја заврши сезоната поради повреда, по Џулиус Рендл Бојан Богдановиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. 

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

аместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по суви коловози и без поголеми задржувања на граничните премини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Сообраќај по суви коловози и без поголеми задржувања на граничните премини.

Умерена фреквенција на патиштата надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги чекања. Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер